Останаа ДИВ ЗАПАД: Во Тексас сите граѓани над 21 година ќе може да носат OРУЖJE на јавно место без посебна дозвола или обука

Новиот закон за оружје во американската сојузна држава Тексас, што стапи во сила на 1-ви септември, им овозможува на повеќето граѓани кои легално поседуваат огнено оружје да го носат отворено на јавни места без да добијат специјална дозвола или обука.

Контроверзниот закон, со оглед на бројот на насилство во Тексас, што беше усвоен во мај од Сенатот и Претставничкиот дом, во кој доминираат републиканците, им овозможува на сите лица над 21 година и на кои не им е забрането да поседуваат оружје да го носат јавно без дозвола, јави Си -Ен -Ен.

Texas Gun Laws - Hammerle Finley Law Firm

Според американската непрофитна организација Архива на вооружено насилство во Тексас годинава се случиле 3.200 престрелки, што е зголемување за 14 проценти во споредба со истиот период од минатата година кога беа регистрирани 2.800 вооружени инциденти. Во бројката не се вклучени самоубиствата.

Податоците покажуваат дека инцидентите на вооружено насилство оваа година забележале пораст од 50 отсто во споредба со истиот период во 2019 година, кога имало 2.100 престрелки.