Connect with us

Инфо +

По еден ден на училиште: Деца од Аеродром и Кисела Вода заразени со коронавирус, класовите во изолација

Информациите кои официјално се потврдени за Сител е дека ученичка од петто одделение вчера добила позитивен тест на Ковид-19 од основното училиште Ѓорѓија Пулевски во Општина Аеродром.

Во 14 дневна изолација ќе оди целиот клас и веќе е направена епидемиолошка анкета со останатите ученици. Според одлуката која ја добило училиштето доколку некое од соучениците е прележано или вакцинирано ќе може да доаѓа на настава, вакцинирана е наставничката која им предавала така да таа ќе продолжи да оди на работа и ќе им предава на учениците онлајн.

Во скопската општина Кисела Вода во основното училиште Кирил Пејчиновиќ две деца од 9-то одделение од исто одделение вчера пројавиле симптоми на ковид 19, потврди за Сител директорот на училиштето.

Едното од нив веќе има добиено позитивен тест и неговите соученици ќе одат во изолација, а за второто дете се уште се чекаат резултати од тестирањата.


До редакцијата на Сител пристигнале информации за дополнителни случаи на ученици со симптоми на Ковид-19 во едно стручно средно училиште во Скопје но за сега тие не се потврдени

Балкан

Силни поплави ја зафатија Атина и Солун – Грција под обилни дождови

Грција се соочува со серија разорни бури и обилни дождови предизвикани од силен циклон кој го зафати поголемиот дел од земјата. Најкритична е ситуацијата во северните, централните и југоисточните региони, како и во областа на Егејското Море, каде што во еден ден наврнале до 100 литри дожд на квадратен метар.

Интензивните врнежи предизвикаа разорни поплави и порои кои уништија возила, поплавија згради и предизвикаа големи материјални штети. Обилните дождови не ги заобиколија ниту главниот град Атина, ниту Солун, каде што штетите се значајни.

Метеоролозите предупредуваат дека серијата бури ќе продолжи до крајот на неделата, со дополнителна закана од разорни поплави и ненадејни водени талози. На некои локации се очекува дополнителни 100 до 200 литри дожд на квадратен метар, што дополнително го влошува ризикот за нови штети.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни, да избегнуваат непотребно движење и да се придржуваат до упатствата на локалните власти.

Continue Reading

Балкан

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање во БиХ и на Балканот

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека Алијансата внимателно ги следи обидите на Русија да влијае врз внатрешните процеси во Босна и Херцеговина и на поширокиот Западен Балкан. Таа оцени дека активностите што се забележуваат претставуваат типичен дел од рускиот хибриден арсенал, насочен кон создавање поделби и поттикнување сецесионистичка реторика.

Шекеринска нагласи дека руските обиди за хибридно делување не се ограничени само на регионот, туку се присутни и кај други сојузници и партнери на НАТО. Според неа, Западен Балкан останува од стратешка важност за Алијансата, која во регионот има повеќе членки, како и партнери меѓу кои и БиХ.

Говорејќи за состојбата во одбранбениот сектор на БиХ, таа посочи дека НАТО помага во низа практични области, но дека стабилното финансирање на Оружените сили на БиХ е клучно за нивна модернизација. Потсети и на програмата DCB, преку која БиХ доби опрема и специјализирани возила со поддршка од Словенија, но предупреди дека таквата помош мора да биде проследена со долгорочни национални вложувања.

Во пораката до политичките лидери во БиХ, Шекеринска истакна дека политичките компромиси често се ризични, но носат поголема сигурност и стабилност на долг рок. Таа додаде дека граѓаните очекуваат исчекори напред, наместо повторување на истите политички конфликти што ја следат земјата веќе три децении.

Continue Reading

Балкан

Евзони повторно блокиран: Грчките земјоделци го стопираат сообраќајот цел ден

Граничниот премин Евзони денеска повторно е во целосна блокада поради штрајкот на грчките земјоделци, кои со протестите го запираат сообраќајот за сите категории возила.

Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија, преминот ќе биде затворен во два термина: од 10 до 14 часот и повторно од 18 до 22 часот.

Блокадата предизвикува значителни застои и пречки за патниците и превозниците кои патуваат кон Грција, а засега нема најави кога ситуацијата би можела да се нормализира.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг