Connect with us

Инфо +

Како да проверите дали ве има на Избирачкиот список ?

Published

on

До 9 – ти Септември трае увидот во Избирачкиот список.

Сите граѓани може да си проверат електронски www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/, дали се на списокот, но има опција тоа да се провери и во канцелариите и подрачни единици н ДИК.

Рокот за заклучување на избирачкиот список  е 24 септември. Тој финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

Локалните избори закажани за 17-ти октомври.

Балкан

Силен земјотрес во Грција

Published

on

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.

Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри од градот Кефалос на островот Кос на длабочина од 104 километри.

Засега нема информации за причинета материјална штета.

Continue Reading

Македонија

Земјотрес почувствуван во Македонија

Published

on

Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтер утрово е регистриран во Македонија.

Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.

Continue Reading

Скопје

Орце Ѓорѓиевски даде отчет за сработеното и порача: „Најдоброто допрва доаѓа“

Published

on

Под слоганот „Најдоброто допрва доаѓа“, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера вечер, во преполната спортска сала “Независна Македонија”, даде отчет за сработеното во изминатите три години. Во своето обраќање пред околу 1.000 граѓани, тој истакна дека се реализирани 95% од програмата, но и и проекти што не биле планирани, но во комуникација со жителите, се појавиле како итни и неопходни.

Низ бројки, реконструирани се  улици со должина од над 59 км, во сите населби и населени места. Изградени и обновени се над 11 kм фекална канализациона мрежа, 5,5 km атмосферска канализација, како и 3,6 km нов водовод. Како капитален  го издвoи проектот за водовод и фекална канализација во населбата Стаклара Каменик, на кој ниедно претходно раководство не се нафаќаше поради сложеноста на зафатот и превисоката цена за негова реализација. Информираше дека Општина Кисела веќе ја реализира фекалната канализација, а со одлуката на Владата на Република Македонија и Премиерот Христијан Мицкоски одобрени се  600.000 евра за изградба и на водоводот во Каменик-Стаклара.

Градоначалникот Ѓорѓиевски информираше и за инвестициите во образованието: дигитализација,сензорни соби и пречистувачи за сите училишта, проектот „Ранче за секое прваче“, проектот за бесплатни училишни униформи, доделените парични награди, бесплатни летувања и спортски кампови за најуспешните ученици и за децата од социјално загрозените семејства за кои се обезбедени бесплатни ужини, часови по странски јазици, спорт и информатика и низа други погодности.

!Како капитален проект, би ја издвоил изградбата на нов училишен објект за ООУ Св. Климент Охридски во Драчево, кој ќе овозможи уште подобри услови за учениците. Претходно целосно го реконструиравме ООУ Кузман Јосифовски Питу кое сега е првото целосно инклузивно основно училиште во земјава. Вложуваме и во сите останати училишта во реновирање и доградби, со цел наскоро сите да преминат на настава во една смена. Реализирани се и 9 поголеми инфраструктурни зафати за изградба на нови градинки и проширување на постоечките капацитети и сега, за упис чекаат само околу 40 дечиња. Со изградбата на двете нови градинки кои се во процес, листата на чекање конечно ќе се затвори“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Во своето излагање тој ги спомена двата нови пазари, отворањето на кино и библиотека во Кисела Вода, но посебно се задржа на дигитализацијата, меѓународниот конкурс за Расадник и бројните проекти во сферата на урбанизмот кои го сменија поранешнит лош имиџ на општината.

„За само три години, Кисела Вода е пример на целосно нова реалност. Со дигитализација на многу административни услуги, таа стана првата дигитализирана општина на Балканот и како таква, препознаена од многу релевантни институции за својата транспарентност. Ние сме горди што сме избрани како единствената македонска општина која е дел од повеќе меѓународни здруженија што ја имаат транспарентноста како главен столб, како што се OGP (Отворено владино партнерство) и Б40 мрежата на градови – лидери од Балканот. Покрај тоа, нашата општина се запиша во историјата како првата што по катастрофалниот земјотрес во Скопје распиша меѓународен конкурс за идејно решение за Детален урбанистички план за Расадник. Таму, каде што претходното раководство имаше намера да изгради 99 згради, ние создаваме модерно, одржливо и хумано урбанистичко решение. Наместо Расадник да се спомнува во негативна конотација, сега за него пишуваат светски реномирани архитектонски списанија, а го поддржуваат и граѓаните и македонската стручна јавност. Проектите што победија, се изработени од истакнати светски архитекти, со активно учество на жителите на Расадник, кои беа вклучени во целиот процес“, истакна Ѓорѓиевски додавајќи дека очекува новиот проект Кисела Вода-адреса за заеднички дом, преку кој општината ги ослободува од плаќање на комунални такси младите брачни парови, да помогне да ги задржиме младите во нашата земја и да помогне во намалување на депопулацијата.

Говоеше и за инвестицијата во спортската инфраструктура, изградбата на 13 спортско рекреативни центи, 6 спортски сали, 7 паркови, 19 детски катчиња.

„Како круна на овие спортски проекти, би сакал да ја издвојам целосната реконструкција на спортската сала Рaсадник, која долго време беше симбол на спортскиот дух на Кисела Вода и прв дом на ракометниот клуб Вардар. По долга правна битка, успеавме општината да го преземе управувањето со оваа сала, а сега, во соработка со новосоздаденото Министерство за спорт, го започнавме процесот на целосно реновирање на овој значаен објект. До крајот на оваа пролет, завршената сала ќе им биде предадена на граѓаните, а надежта е дека ракометниот клуб “Вардар” повторно ќе се врати во “Расадник” и ќе го врати овој простор на мапата на спортските успеси.

Се заблагодари на тимот со кој работи, на Советот и сите советници, на Владата на Република Македонија и Премиерот Христијан Мицкоски, на бизнис заедницата, невладиниот сектор и меѓународните партнери, но најмногу на граѓаните со својата поддршка, доверба и идеи. Им порача дека најдобрите денови допрва доаѓаат.

„Овие три години беа само почетокот. Со заедничка посветеност, храброст и визија, ќе ги надминеме сите предизвици и ќе го изградиме најдоброто за нашата општина. Ќе продолжиме да се грижиме за вашите потреби и заедно да ја градиме иднината која сите ја заслужуваме. Ви благодарам од срце! Најдоброто допрва доаѓа“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк