Антиваксери упаднале сред програма во јавниот сервис во Словенија (ВИДЕО)

Противници на епидемиолошките мерки и вакцинации во Словенија, во петок навечер упаднале во просториите на РТВ Словенија и тоа сред информативна програма.

Демонстрантите во Словенија веќе недели наназад протестираат пред зградата на јавниот сервис негодувајќи се што има врска со пандемијата на коронавирус, пренесува „Дневник“ од Хрватска.

Тие се противат на мерките на огранувачување, а демонстрантите синоќа во 20:30 часот упаднаа во словенечкиот јавен сервис и делеле летоци во кои бараат „сигурни училишта и факултети без ограничувања“.

Новинарката Барбара Видмајер објави на „Твитер“ снимка од упадот.