Филипче: Трета доза ќе биде потребна

Никој во светот не кажал дека вакцината целосно штити од заразување, туку дека штити од тешка форма на болеста и 20 пати го намалува ризикот од смртен исход од коронавирусот. Така е секаде во светот – Ова го одговори министерот за здравство Венко Филипче, на новинарското прашање како излезе дека има смртни случаи и кај вакцинираните лица, и покрај уверувањето од здравствените власти дека вакцините штитат од тешка форма на болеста и од смрт.

„Секаде во светот и во регионот болниците се полни со невакцинирани пациенти. Тие се околу 80 отсто од заболените. Не знаеме како ќе се движи пандемијата, само вакцинацијата е таа што ќе го врати животот во нормала. Во вакцините не треба да има сомнеж, сите вакцини се безбедни. Таа е единствениот процес кој ќе го спаси светот од оваа пандемија“, рече Филипче. 

Но, како што вели, во земјава се уште има невакцинирани граѓани.

Тој нагласи дека во земјава во моментов има 300 илјади вакцини, 110 илјади на АстраЗенека, 110 илјади на Фајзер и 100 илјади на Синовак. Објасни и дека секоја недела во земјава пристигнуваат од 30 до 40 илјади вакцини на Фајзер.

„Имавме состанок со нив, со претставници на таа компанија. Сите испитувања одат во насока дека трета доза ќе биде потребна, но чекаме тие наоди да ги официјализираме“, рече министерот за здравство.