Connect with us

Македонија

Во тетовската капела место за покојници е наменета да се чуваат БАТАЦИ и СУВОМЕСНАТИ!

Published

on

Градската капела во Тетово, која беше изградена пред две години, се уште не е пуштена во функција. Се работи на остранување на техничките пропусти направени при изградбата на капелата и поставувањето на комората, пишува ммс.мк

Градската капела која општинските власти ја ветуваа повеќе од една деценија конечно се изгради пред две години, но таа се уште не е во функција. Причина за тоа е што наместо соодветна комора, изведувачот на работите поставил комора каде, како што велат вработените од православните гробишта, е наменета за чување на батаци и сувомеснати производи,  односно комора со многу мала димензија. Поради ваквиот пропуст капелата не беше пуштена во употреба, а сега како што најавија од ЈКП Тетово веќе се работи на остранување на пропустите

Капелата е лоцирана веднаш до влезот на старите градски гробишта во Тетово. Освен комора има и неколку простории, канцеларии и една голема просторија за пречек на поширокото семејство на покојникот и давање сочуство, пренесува ММС.мк.

Македонија

Божиновска: Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, вчера учествуваше на 9. Балкански Енергетски самит што се одржува во Атина, под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија.

Божиновска беше дел од отворањето на самитот и министерскиот панел посветен на зајакнување на стратешката енергетска соработка на Балканот, заедно со министри и регулатори од целиот регион. Во фокусот на дискусијата беа регионалната енергетска безбедност, забрзаната транзиција кон чисти извори на енергија и заедничкиот одговор на глобалните предизвици, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

„Регионалната соработка за нас не е избор, туку стратешка нужност. Денес, повеќе од кога било, Балканот треба да биде обединет во обезбедувањето сигурна, одржлива и зелена енергетска иднина“, порача министерката Божиновска.

Извор: ТртБалкан

Continue Reading

Македонија

СДСМ се сомнева дека Левица го злоупотребила протестот на родителите од Кочани

Published

on

СДСМ денеска преку партиско соопштение изрази длабока загриженост и сомнеж дека партијата Левица направила обид за политичка злоупотреба на болката на родителите и семејствата погодени од трагедијата во Кочани на вчерашниот протест пред македонското Собрание.

„СДСМ остро се спротивставува и го осудува секој обид за политичка злоупотреба. За време на средбата со родителите пратениците на СДСМ забележаа членови на подмладокот на политичката партија Левица, доколку се приклучиле со цел да извлечат политичка и партиска корист најостро ги осудуваме.“ стои во соопштението на СДСМ од седницата на Централниот одбор на партијата.

Како што најави опозициската партија, пратеничката група на СДСМ подготвува специјален закон за обезбедување конкретна и директна поддршка за семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

Законот ќе биде поднесен во Собранието во текот на следната недела. Тој е изготвен според меѓународни искуства и добри практики од земји кои се соочиле со слични несреќи.

Со законот се предвидува финансиска и институционална помош за семејствата на настраданите, како и дополнителна поддршка за оние кои имаат повредени блиски. Целта е да се помогне во надминување на последиците и трошоците што произлегуваат од трагичниот настан, но и да се зајакнат институционалните системи што се покажаа како недоволно подготвени.

Continue Reading

Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО СО ПОВИК, СЕКОЈ ШТО ЗНАЕ НЕШТО ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ ВО ИСТРАГАТА

Published

on

Јавното обвинителство денеска објави отворен повик до сите кои што имаат лични сведоштва за пожарот во Кочани, информации и докази во однос на работата на дикотеката Пулс и поврзаните фирми со неа, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата. Во исто време Јавниот обвинител Љупчо Коцевски и тимот обвинители кои постапуваат во предметот денеска се сретнаа со семејствата на жртвите и ги информираа за досегашниот тек на истражната постапка.

-Имајќи ги предвид законските рокови и потребата од ефикасност на постапката, на веб страницата на Јавното обвинителство (www.jorm.gov.mk) e објавен формулар со чие пополнување тие можат да се пријават за да достават податоци и информации кои сметаат дека се релевантни за истрагата – вчера информираа од Јавното обвинителство.

Пополнетиот формулар потребно е да се испрати електронски на наменската адреса istragakochani@jorm.mk

-Врз основа на формуларот и релевантноста на податоците подносителите ќе бидат контактирани од истражниот тим- велат од Јавното обвинителство.

Во исто време Јавниот обвинител Љупчо Коцевски и тимот обвинители кои постапуваат во предметот денеска се сретнаа со семејствата на жртвите и ги информираа за досегашниот тек на истражната постапка.

-Јавниот обвинител и тимот обвинители кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека Пулс денеска се сретнаа со семејствата на жртвите и ги информираа за досегашниот тек на истражната постапка. Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан. На семејствата им беше најавена и динамиката на претстојни распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес – информираа од Јавното обвинителство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк