Connect with us

Европа

Австрија воведува КАРАНТИН за НЕВАКЦИНИРАНИ

Published

on

Австрија ќе воведе „локдаун“ само за невакцинирате против Ковид-19. Австрискиот канцелар, Себастијан Курц го објави фокусот на новите мерки кои ќе важат оваа есен и кои се наменети токму кон оние кои досега немаат примено вакцина.

Курц објаснува дека целта на новите мерки е да се зголеми подготвеноста за вакцинација и повеќе контроли.

Отсега натаму неделната индиценца нема да се следи како индикативна вредност за носење мерки. Наместо тоа, ќе се следи идниот капацитет на единиците за интензивна нега.

Што се однесува до локдаунот, Курц рече дека, доколку се потребни „заштитни мерки“, тие повеќе нема да бидат за целата земја, туку само за невакцинираните.

Кога станува збор за вакцинација, тој објави дека сака да продолжи да се дава третата доза, и дека целта останува да се зголеми стапката на вакцинација на населението.

Курц, исто така, најави зајакнување на контролите, не само за да ги убеди луѓето да се вакцинираат, туку и затоа што има се повеќе лажни потврди за вакцинација, а правилата за короната не се почитуваат насекаде. Тој исто така најави и отворање на училиштата.

Европа

Русите напднаа топлана во Украина: 100.000 луѓе оставени без греење на минусни температури

Published

on

Рускиот напад на топлана во Миколаив во јужна Украина остави повеќе од 100.000 луѓе без греење, известија украинските власти.

“Ова е уште еден јасен доказ дека Русија води војна против нашиот народ и живот”, напиша украинскиот претседател на социјалната мрежа Икс.

Премиерот Денис Шмихал објави на Телеграм дека нападот кој се случил во текот на ноќта имал за цел да ги “остави луѓето без греење на температури под нулата, со цел да се предизвика хуманитарна катастрофа”.

Штетата не можела да се санира денес. Шмихал изјавил дека локалните власти воспоставиле 67 локации за греење на жителите.

Украинските власти соопштија и дека започнале со поставување на три мобилни топлави во здравствените домови.

Continue Reading

Европа

Германија се најде во сериозни проблеми, бара помош од Европската унија: Не можеме да…

Published

on

Дали санкциите кон Русија од страна на Европската Унија имаа некакви резултати?

Германија бара помош од ЕУ: Цените на гасот растат со голема брзина.

Германија ја повикува Европската Унија да ги опушти своите регулативи за складирање гас поради зголемената цена на овој енергент, соопшти Министерството за економски прашања и клима на Германија.

Тие цели, кои се воведени како одговор на прекинувањето со снабдувањето на гас предизвикан од војната во Украина, бара од сите земји членки на Европската Унија повторно да ги пополнат своите складишта до 90% од капацитетите до ноември, пренесе Ројтерс.

Германија реагираше откако референтните европски цени на гасот оваа недела пораснаа на највисоко ниво во две години.

“Би поддржале помалку екстремни барања за складирање, бидејќи поголемата флексибилност може да обезбеди притисокот за полнење на сите складишта со гас подеднакво да се намали и да се нормализира кога цените на пазарот ќе се стабилизираат”, изјави портпаролот на германското министерство за економски прашања и клима.

За ова прашање се разговараше и на состанокот на претставниците на земјите од ЕУ и ЕК.

Германија, која има најголеми складишни простори во Европската унија, како и други земји, вклучувајќи ја Франција, изразија загриженост за целите на Европската Унија, кои диктираат задолжително купување на гас по повисока цена.

Складиштата на гас во ЕУ оваа недела паднаа на помалку од половина, после студеното време и намалената руска испорака, покажуваат податоците на организацијата Gas Infrastructure Europe (GIE).

Continue Reading

Европа

Првиот човек на НАТО го предизвика Путин, дали рускиот претседател ќе возврати?

Published

on

Марк Руте, генералниот секретар на Алијанската на Минхенската безбедносна конференција изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не би се осмелил да нападне земја-членка на НАТО.

Генералниот секретар рече дека е оптимист за односите меѓу Европа и САД. Тој исто така изјави дека не верува оти Русија ќе нападне земја од НАТО, но предупреди дека доколку се осмели да го стори тоа, НАТО ќе одговори со сета своја цврстина и сила. Подвлече и дека САД и Европа остануваат на истите позиции за иднината на Украина.

„Имаме јасен заеднички став дека Украина треба да ја има најдобрата можна почетна позиција во мировните преговори, дека треба да продолжи испораката на оружје и обуката на украинските војници, но и дека исходот од мировните преговори треба да биде дека Украина е суверена држава која никогаш повеќе нема да биде нападната од Русија, од Владимир Путин“, рече генералниот секретар на НАТО.

Во исто време, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами рече дека ќе ги охрабри американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски да го продлабочат своето партнерство во иднина.

Лами рече дека најдобрата гаранција за безбедноста на Украина од идната руска агресија е вклучувањето на американската индустрија, бизнис и одбранбените капацитети во нејзината иднина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк