Connect with us

Македонија

ГОРИ Ковид Центарот во ТЕТОВО (Видео)

Published

on

Тетово инфо и Алсат М со видео од пожарот во Ковид центарот во Тетово, кој гори во моментов, а противпожарна бригада и многумина граѓани се обидуваат да го изгаснат.

Во моментов нема никаква официјална информација од надлежните.

ВИДЕО:

Македонија

Опозицијата бара надзорна расправа, власта вели „прво да заврши истрагата“ – караница на комисијата за политички систем

Published

on

Пратениците од ДУИ бурно реагираа на денешната седница на Комисијата за политички систем, откако мнозинството не го поддржа дневниот ред на кој се наоѓаше нивното барање за надзорна расправа за истрагата поврзана со трагедијата во Кочани. Од партијата обвинија дека колегите од мнозинството не сакаат вистината да излезе на виделина, и побараа морална одговорност од премиерот и министерот за внатрешни работи.

Иако претходно СДСМ се изјаснија дека нема да бараат расправа додека не заврши истрагата, денеска дадоа поддршка на иницијативата на ДУИ, со став дека треба да се отвори расправа и за останатите трагедии од последните години – како несреќата кај Ласкарци, случајот со „Беса транс“ и пожарот во модуларната болница во Тетово.

Мнозинството, пак, останува на ставот дека за каква било институционална расправа треба да се почека завршувањето на истрагите, со цел да се избегне влијание врз нивниот тек.

ДУИ најави дека нема да застане тука. Најавија дека 15 нивни пратеници ќе упатат официјално барање до претседателот на Собранието за одржување на надзорната расправа.

Continue Reading

Македонија

Сопружници измамени за 824.000 денари, мислеле дека им се јавува адвокатка и ќе купат стан на лицитација, парите ги дале на рака

Published

on

Брачна двојка измамена за над 800.000 денари од жена која се претставила како адвокат

Дваесет и четиригодишна жена пријавила во полиција дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од женско лице за сума од околу 824.000 денари.

Според пријавата, осомничената се претставила како адвокат и сопственик на фирма од Битола, уверувајќи ги дека може да им овозможи купување на стан кој наводно бил предмет на лицитација. Според договореното, тие требало да платат 30 отсто од вкупната вредност на станот, додека преостанатите 70 отсто, како што тврдеше таа, наводно требало да бидат покриени со државни средства.

Брачната двојка ѝ предала пари во три наврати – на неа и на уште едно лице, а покрај тоа доставиле и изводи од матичната книга на родените, како и копии од нивни лични карти.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Вреди вечерва очекува одговор од Таравари – Меџити: Мора да разјасниме, дали се дел од Вреди или со ДУИ!

Published

on

Првиот вицепремиер и еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити, очекува Алијансата за Албанците (АА), предводена од Арбен Таравари, вечерва конечно да ја донесе одлуката – дали останува дел од коалицијата ВРЕДИ или ќе избере да соработува со ДУИ.

„Да разјасниме меѓу себе дали се дел од ВРЕДИ или одат со ДУИ“, рече Меџити.

Тој потенцира дека очекува АА да одговори во најбрз можен рок.

„Доколку некој сега ја анализира состојбата, единствената можност за враќање на ДУИ во владата е поделбата на ВРЕДИ. За ваквата ситуација допринесоа и кругови од надвор“, додаде тој.

Меџити се осврна и на историјата на поделби кај албанскиот политички блок, нагласувајќи дека тие секогаш резултирале со ослабување на албанскиот политички фактор. Тој истакна дека ВРЕДИ понудила максимум за да ја задржи АА во коалицијата.

„Ја фаворизиравме АА, г. Таравари изјавува по медиумите – ми понудија 35%. Ние до денеска не сме се договориле што ќе земе ДД или другите, туку зборувавме само за фаворизирање на АА со цел ВРЕДИ да остане обединета“, рече Меџити.

Опцијата што Таравари ја најави – дека АА би можела самостојно да излезе на избори – за Меџити е нереална.

„Бидејќи и тие знаат, и ние знаеме. Исто е како јас да кажам дека ќе одам со ДД утре сам, а нема да излезам сам ако немам поддршка од надвор“, изјави тој.

Меџити нагласи дека ВРЕДИ има интерес АА да остане дел од коалицијата.

„Ја сакаме АА во ВРЕДИ, а не АА која за опција ја има ДУИ. Тогаш се губи смислата на промената“, посочи Меџити.

Во заклучок, тој изрази уверување дека без разлика на одлуката на АА, коалицијата ВРЕДИ ќе излезе поконсолидирана од оваа ситуација.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк