“Македонијо моја полниш 30 лета, време ти е да се прибереш,сакај се малку повеќе”

Игор Џамбазов со уникатна честита за 30-годишнината од независноста на државата.

-Maкедонијо моја… Денес полниш 30 лета, не си веќе девојченце. Имаше несигурно детство и ептен бурна младост. Време ти е да се прибереш малку. Застани веќе на свои нозе, сакај се малку повеќе. Иако ти е време за мажење, немој да го правиш тоа. Знаеш дека не те бива за потпишување договори. Башка и никој не те заслужува. Те сакам, Македонијо – напиша најпопуларниот македонски шоумен на Инстаграм