Пендаровски со сочувство, Џафери ужаснат, Теута со солзи во очи

Сочувство до семејствата на жртвите испратија и премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на собранието Талат Џафери. и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид центарот во Тетово.

– На повредените им посакувам успешно закрепнување, се вели во изјавата на сочувство на  Претседателот.

Ужаснат сум од тажната вест за пожарот во модуларната болница во Тетово каде го загубија животот нашите граѓани, напиша на Фејсбук, собранискиот спикер Талат Џафери.

-Моето сочувство за сите оние што во оваа болна несреќа го загубија животот, моите молитви и мисли се упатени за Тетово, со надеж за побрзо закрепнување од оваа трагедија, напиша Џафери.

„Според оние информации со кои располагам, оганот се појавил одеднаш и се проширил со голема брзина. Апсолутно жалам за случајот, во болницата имало луѓе кои биле на лекување. Немаме информации за жртви, чекаме официјално од болницата“, рече Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.