Connect with us

Македонија

(ВО ЖИВО) Прослава за 30 години независност на Република Македонија

Настанот за одбележување 30 години независност на Република Македонија претставува високо-церемонијална државна манифестација кој се одвива пред Собранието на Република Македонија и која го отсликува историскиот референдум на 8 септември 1991, кога граѓанките и граѓаните на Република Македонија го потврдија илинденскиот и асномскиот континуитет и масовно го дадоа својот глас за независност на нашата држава како суверен меѓународен субјект и за меѓународно признавање како рамноправна членка на заедницата на народите.

Настанот предвидува специјално дизајнирано празнично осветлување на Собранието, паркот и некои од околните објекти.

Целиот настан проследете го тука:

Македонија

Продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во „Пулс“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се очекува ново рочиште за трагичниот пожар што ја погоди дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На дневен ред се воведните зборови на одбраната на Александар Нацев, кого обвинителството го смета за неформален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, како и на правните лица „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани и „Рубикон секјурити солушнс“.

На претходното рочиште обвинителот Борче Јанев потенцираше дека судењето е повеќе од обид за казнување – тоа е чекор кон јавното соочување со институционалната одговорност. „Пожарот не е само последица на пиротехника, туку резултат на години системски пропусти, молчење и недостаток на контрола“, рече Јанев, додавајќи дека клубот бил претворен во „смртоносна стапица“.

Сите обвинети досега негираа вина за „тешки дела против општата сигурност“. Дел од нив преку адвокатите изразија сочувство до семејствата на жртвите, но упорно тврдеа дека трагедијата е последица на институционални пропусти, а не нивна лична одговорност.

Сопственикот на клубот, Дејан Јованов, кој девет месеци е во притвор, рече дека сè уште не може да поверува во трагедијата и дека никогаш не би дозволил небезбедни услови во клубот. Неговиот син Михаил Јованов тврди дека против него нема докази. Одбраните на другите обвинети – вклучително поранешни функционери и инспектори – посочија дека постапувале согласно законот и дека немале надлежност или можност да го спречат пожарот.

Според обвинението, дискотеката „Пулс“ со години работела незаконски – со над дозволениот број посетители, без соодветни дозволи и без систем за противпожарна заштита. Пожарот, кој избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата „ДНК“, се претвори во најсмртоносната трагедија од ваков вид во земјата, оставајќи длабоки рани кај семејствата на жртвите и во целото општество.

Continue Reading

Македонија

Силни врнежи од дожд и снег го најавуваат вистинското зимско време за празниците

Денеска Македонија е под влијание на нестабилна временска прогноза. Облачното небо ќе донесе повремени врнежи од дожд, особено во источните делови каде се очекуваат пообилни количини, локално над 25 литри на метар квадратен. Планинските предели ќе бидат побелени со снег, а слаб до умерен јужен ветер ќе го движи воздухот.

Во Скопје денот ќе биде облачен, со повремени дождови и слаб југоисточен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно, со локални врнежи, најчесто во источните региони. На повисоките места и планините дождот ќе се претвора во снег. Попладне времето ќе се стабилизира, а ветерот ќе се смени во слаб до умерен северен. Главниот град ќе го доживее утрото со краткотраен дожд, но подоцна облаците ќе се расчистат.

Скијачките центри веќе се покриени со снежна покривка, која ќе се зголемува во наредните денови благодарение на врнежите од снег. Метеоролозите предупредуваат дека околу и по Нова година Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од вистинска зимска офанзива – пообилен снег, пониски температури и вистински зимски услови за сите љубители на студените денови.

Continue Reading

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг