Вресоци во Тетово, пожарот е ИЗГАСНАТ има ПОЧИНАТИ лица (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Тетово, 8 септември 2021 (МИА) – Изгаснат е пожарот што избувна вечерва во модуларната болница во Тетово. Сведоци на настанот велат дека има повеќе повредени и починати лица, но тоа засега се уште не официјално потврдено.

Полицијата ги отстрани присутните и во секој момент се очекува да почне увидот кој треба да ја утврди причината за пожарот.

-Информирана сум дека пожарот избувнал многу брзо и брзо се ширел. Немам информации за можни жртви, за тоа секако ќе бидеме официјално информирани. Апсолутно жалам што се работи за болни луѓе кои биле тука на лекување. Допрва се очекуваат информации од полицијата и од болницата, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Министерот за здравство Венко Филипче преку твитер соопшти дека по информацијата за пожарот се  упатил кон Тетово.

Со колички се изнесуваат пациентите.Зградата е целосно изгорена. Се слушаат пискотници и вресоци.

На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот каде се гледа дека има починати и повредени лица од пожарот, a предмалку потврди и Министерството за здравство.