Дали оставката на Венко е ДОВОЛНА ❓

Бура на реакции следеа три дена по трагичниот настан во Тетово, но вистинското прашање се поставува: Дали оваа оставка на Венко Филипче е доволна за да ја „покрие“ трагедијата?

Имено Филипче на вчерашната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека не бега од одговорност, но ќе почека да заврши истрагата, па по тоа ќе донел одлука за тоа дали ќе даде оставка од функцијата.

За 24 часа Венко Филипче, со стилот на премиерот Зоран Заев, „рекол-порекол“, се предомисли и на денешното обраќање објави дека поднел пишана оставка до премиерот.

Логично тука се поставува прашањето – Зошто Филипче се предомисли, дали поради притисокот од страна на јавноста или пак интерен договор за обид за прикривање на целосно настанатата ситуација со трагедијата?

Самата оставка можеше да биде неотповиклива, но Филипче како да му го даде целиот свој „интегритет“ на Зоран Заев кој сега е на потег да одлучи дали Венко треба да си замине од функцијата министер.

Граѓаните треба сами да проценат дали оставката на Венко е доволна или пак треба и оставка од првиот човек на Владата. Но јасно е дека одговорност мора да има, а надлежните институции да сработат професионално, без притисоци и прикривања затоа што ова е една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија, а семејствата на починатите најмалку што заслужуваат е да да ја најдат правдата, а виновниците да одговараат.