Каква брука: На сред ПОГРЕБ им го одзеле телото на почината девојка во тетовската болница❗

Прекинат бил погребот на девојчето од 20-тина години, на кое во моментот на
избувнувањето на пожарот му била вршена реанимација. Станува збор за девојка со
церебрална парализа, која во модуларната тетовска болница била во придружба на
своите родители, објави А1он.

„Телото на веќе починатата пациентка било изнесено во моментот на избувнување на пожарот. Обдукцијата по барање на обвинителството беше извршена за точно
утврдување на причините за смртта, при што се констатира дека настанатата смрт не е последица од пожарот“, изјавиле од обвинителството за А1он.

На родителите им било дозволено да го земат телото на својата ќерка и им било кажано дека можат да ја погребаат, со оглед на тоа што починала пред настанувањето на пожарот. Погребот бил организиран, а телото било
однесено во црква. Во меѓувреме, обвинителството решило да ја додаде во
предметот и побарало нејзина обдукција, па така на сред погреб, нејзиното тело било одземено и однесено во Институтот за судска медицина, каде што било утврдено дека пожарот не бил причина за нејзината смрт.