Connect with us

Македонија

Пендаровски: Малкумина од градоначалниците на СДСМ одработија добро

Published

on

Коментирајќи ги состојбите во државата, претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за 360 степени рече дека најголемата грешка на власта е поставувањето погрешни луѓе на некои позиции. За пример ги зема градоначалниците.

-Мислам дека најголемата грешка е што за некои позиции беа поставени погрешни луѓе. Да ги земеме градоначалниците: за колку од 60те градоначалници, еве од мојата структура, како граѓанин би рекле дека добро одработиле? Да не лицитирам со бројки, ама за малкумина. Еве и во градот кајшто живееме, каде што најдобро ги познаваме состојбите, рече Пендаровски

Македонија

Македонка која поседува хотел и апартмани, нуди бесплатно сместување за роднините на повредените кои се префрлени на лекување во болницата во Солун

Published

on

Македонка која живее и работи во Неа Каликратиа нуди бесплатно сместување на роднините на пациентие кои се сместени во болницата Папаниколау во Солун.

Хотелот и апартманите биле на 20 минути со автомобил до болницата.

Татјана +30 698 000 76 73

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Андреј беше хуман до последен здив, ќе го паметиме засекогаш

Published

on

Почивај во мир Андреј, другар мој…

Беше исклучително ведар човек, семеен кого го водеа вистинските вредности, а хуманоста беше твоја водилка. 

Сакаше да помагаш на сите и тоа го правеше вистински од срце, дури имавме и заеднички акции.

Така, вистински и од срце помагаше во таа кобна ноќ, нештедејќи го својот живот за да ги спасиш другите.

Ќе те паметам засекогаш, јас но и сите генерации.

Твоите дела ќе останат засекогаш. 

Ми беше чест што те познавав.

Нека Бог ги прими душите на сите кои ги изгубија животите во оваа најголема трагедија која сите нѐ скрши и нека им даде Царство небесно.

Посакувам побрзо закрепнување на повредените.

Моите мисли се со сите вас.

Нека ви е вечна слава!

Напиша Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Continue Reading

Македонија

Медицински експерти од Израел пристигнуваат во Македонија!

Published

on

По страшната несреќа во Кочани, помош пристига од Израел.

Министерот за надворешни работи на земјата Гидеон Саар го информирач својот колега од Македонија, Тимчо Муцунски дека израелски медицински експерти патуваат во земјава за да помогнат.

Саар исто така изрази сочувство „за страшната трагедија во која загинаа повеќе од 50 лица, а десетици беа повредени во пожарот“.

„Израел стои зад Северна Македонија во овие тешки моменти“, се наведува во неговата објава на платформата Икс, каде што беа објавени и знамињата на Израел и Северна Македонија.

Муцунски подоцна му се заблагодари на Саар преку објава на X, истакнувајќи: „Во овие тешки моменти, солидарноста на нашите партнери и пријатели е навистина непроценлива за нас“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк