Connect with us

Македонија

Салиу: Уапсено лицето кое ги објави ВИДЕАТА од пожарот во Тетово, ние сме ЛУДАЦИ ако мислиме дека нема да скријат докази…

Published

on

Новинарот Фуркан Салиху објави дека 50 часа откако се случи трагичниот настан во Тетово, ниту едно лице не било повикано во Јавното обвинителство.

“Според неофицијални информации лицето кое го објави видеото од сигурносните камери е уапсено. Ако овие факти не се доволни за да докажат дека обвинителството не работи за да го расчисти случајот туку да прикрие докази, тогаш сите ние сме лудаци”, напиша Салиу.

Повеќе обвинители од завчера на местото на настанот прибираа докази за трагедијата но обвинителството досега не објави дека на разговор се повикани Филипче, Анѓушев, директорот Бесими или други лица кои се инволвирани во постапката за поставување на Ковид центарот на смртта во Тетово.

Државниот обвинител Јовески наскоро планира да се пресели во Уставниот суд.

Експрес.мк

Македонија

ИЗЕТ МЕЏИТИ: ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ Е РАЗЕДИНЕТ

Published

on

Вицепремиерот Изет Меџити во врска со политичките случувања во државата и потребата за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори во текот на 2025 година истакна дека не гледа никаква потреба од одржување на двојни избори.

Според Меџити Владата има амбициозна Програма пред себе и за тоа има добиено поддршка од 78 пратеници, кои за брзо може да станат и 80 пратеници.

Меџити потенцира дека ВРЕДИ не стравува од избори, но мисли дека овие теми се дневна политика за задржување на вниманието на членството на ДУИ кое секојдневно ги напушта.

Во оваа прилика претседателот на Демократско движење Изет Меџити истакна: „Полека но сигурно Европскиот фронт почнува да се расцепкува. Едниот лево, другиот десно. Активностите ги прават поединечно. ДУИ на една страна, ДПА некаде, Алијанса на друга страна. На пресовите се поделини и кога излегуваат во јавност не знаат како тоа да се прикаже дали како Европски фронт или како политички партии.“

Continue Reading

Македонија

ИЗЕТ МЕЏИТИ: СИТЕ ОПШТИНИ ДОБИВААТ МОЖНОСТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Published

on

Вицепремиерот Изет Меџити во гостување во дневникот на Сител телевизија изјави дека Владата им излегла во пресрет на сите 80 општини за финансирање на проекти од интерес на граѓаните, безразлика на партиската припадност на градоначалниците. Во оваа прилика на прашањето за дали постои фаворизирање на своите градоначалници на општини изјави:

„ Влен има 4 општини, 10 ги има ДУИ. Сите 10 од ДУИ беа добитници. Имаа проблем само Сарај и Теарце, им дадовме дополнителен рок и тие да добијат. 10 други општини добиле. Струга, Кичево, Пласница, Кичево, Липково, Арачиново.“

Дополнително Вицепремиерот истакна дека од 80 општини, 76 завршиле со постапката и на 4 им е оставен простор дополнитено да достават документација.

Continue Reading

Македонија

ИЗЕТ МЕЏИТИ: 40% ОД ПРОЕКТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ СЕ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Published

on

Во денешното гостување во централниот дневник на Телевизија Сител, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити истакна дека 40% од проектите со кои аплицирале општините за искористување на 100 милиони евра од Владата се во делот на животната средина.

На прашање за тоа дали Владата знае за какви проекти станува збор, Меџити изјави „ За секоја општина, се работи за крупни и важни проекти. Самиот факт што 40% од проектите се за животна средина кажува дека свеста проработела кај градоначалниците, Владата и граѓаните и се дава приоритет на такви проекти“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк