Connect with us

Македонија

(ВО ЖИВО) Обраќање на министерот за здравство, Венко Филипче

Published

on

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче по завчерашната трагедија во Тетово во модуларната болница каде во пожарот загинаа 14 лица.

Прес конференцијата може да ја проследите на следниов линк:

Македонија

Работник, качен на скеле, без заштитна ограда и без шлем, ниту врзан, работи на висина од 10 метри

Published

on

Очигледно немилиот настан што се случи пред 3 дена кај просторот на поранешната фабрика „Треска“ во Скопје каде падна работник од скеле не ги освестува ниту градежниците ниту работниците. Твитер профилот Римувач објави снимка на работник како е качен на скеле без заштитна ограда, без шлем како извршува работи на вистина од 10 метри.

„За да однесе пари дома овој работник се качил на скеле без заштитна ограда, кое се ниша небаре чека момент да се разглоби, а нема ниту шлем… ова е слика за алчноста на сопствениците на градежни фирми и немоќта на инспекцијата, при што битен е само профитот, не и човечкиот живот“, стои на описот на овој профил.

Continue Reading

Македонија

Македонија подготвува нов пакет помош за Украина

Published

on

Владата денес ќе донесе одлука за обезбедување нов пакет помош за Украина. Ова го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски, на форумот организиран по повод 75-годишнината од НАТО во МНР.

Министерот Мисајловски вели дека Македонија ќе се приклучи на барањата на другите земји членки на алијансата и на ЕУ да продолжи да го помага одвраќањето на руската агресија. Не беше соопштено што ќе содржи помошта за Украина но Мисајловски најави дека тоа ќе се објави откако ќе биде одржана затворената седница на Владата денес во попладневните часови.

„Ќе продолжиме да помагаме. Затоа сме пријатели“, порача министерот Мисајловски тврдејќи дека помош ќе има и во иднина според можностите на Македонија.

Тој најави забрзана модернизација на нашата армија за која идната година одвојувањата ќе бидат над два отсто, порачувајќи дека станува збор за сериозни суми пари.

Continue Reading

Македонија

Почина работникот кој пред 3 дена падна во градилиштето „Треска“

Published

on

Почина 27-годишниот Л.Ш од село Ѓермо тетовско откако пред 3 дена падна од градилишето „Треска“ во Центар. Младото момче се здобило со тешки повреди при што било пренесено на скопските Клиники. МВР овој случај го имаше забележано и во билтенот.

„На 02.11.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.30 часот, при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27) од с.Ѓермо, тетовско. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.30 часот починал“, се вели во соопштението на МВР.

Од полцијата додаваат дека бил извршенувид од увидна екипа од СВР Скопје, бил известен трудов инспектор, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк