Денеска во Тетово МАРШ посветен на жртвите од пожарот во модуларната болница

На социјалните мрежи навивачката група “Балисти“ објавија дека денеска во 13:30 часот од плоштадот Илирија ќе се организира марш во чест на жртвите кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово.

Маршот ќе биде мирен и ќе започне од плоштадот Илирија во центарот и ќе заврши пред болницата во Тетово.

Во пожарот што избувна ноќта на 8 септември, загинаа 14 лица, а 12 беа повредени. Маршот требаше да се одржи вчера, но поради погребот на настраданите се одложи за денеска.