Вака изгледа ПУР изолационан панел кога е 30-тина секунди изложен на оган, сите модуларни болници во земјава се изградени вака (ВИДЕО)

Вака изгледа ПУР изолационан панел кога е 30тина секунди изложен на оган. Веднаш до него се гледа ПИР панелот, изложен на оган исто толку време, објавува телевизија 24.

Кај ПУР панелот воочлива е неговата мала издржливост на пламен. Во модуларните болници во земјава се вградени ПУР панели. Дали ова е причината што модуларната болница во Тетово, според очевидци, изгоре за три минути? Според доброупатени извори со кои контактиравме, вградувањето на вакви панели било одлука на проектатите од Министерството за здравство.

Дали доколку панелите не биле високозапалливи, можела да се спречи ката*трофата во тетовскиот центар. Според инженерот за безбедност Борче Стојчевски, постојат стандарди пропишани со Правилник за заштита од пожари, кои мораат да се почитуваат.

Министерството за здравство вчера не одговори конкретно кој и зошто одлучил да се вградат овие панели и наместо тоа соопшти дека се што е вградено е со сертификат од производител, а процесот на инсталација, со атестирање. Минималните технички барања за материјалите биле по претходна согласност од Светска Банка, која ја финансираше изградбата.

YouTube video player