Connect with us

Европа

Данска ГИ УКИНА сите мерки против Ковид и се фрли на журкање! (Видео)

Published

on

Неверојатни фотографии од преполниот стадион Паркен во Копенхаген се појавија во неделата на социјалните мрежи. Таму, на 11 септември, само еден ден по укинувањето на сите епидемиолошки мерки во Данска, се одржа концерт на данскиот панк бенд „The minds of 99“.

Распродадениот концерт, на кој присуствуваа околу 50.000 луѓе, потсетува на настани и концерти пред пандемијата бидејќи публиката е збиена, а сите мерки беа укинати поради добрата вакцинација, никој не носи маски и не треба да држи дистанца.

На Фејсбук страницата на настанот пред концертот беа објавени инструкции за граѓаните кои доаѓаат на концертот, но во ниту една инструкција или забелешка не се споменувше корона вирусот. Организаторите дадоа сервисни информации за сообраќајот околу стадионот и класичните предупредувања дека не смеете да носите пиротехника на концертот, дека не смеете да пушите на стадионот и дека, да речеме, нема да има гардероби за оставање јакни.

Данците постепено укинуваа мерка по мерка во текот на изминатите неколку месеци се додека, конечно, не одлучија повеќе да не го класифицираат „Ковид-19“ како „социјално критична“ болест. Исто така на граѓаните не им треба потврда за ковид.

Фановите на бендот кои вчера беа на концертот не го кријат ентузијазмот за првиот ваков голем концерт во Данска по година и пол епидемиолошки мерки. Инстаграм е полн со фотографии од преполниотт Паркен.

– Конечно завршија сите ограничувања! За исполнет живот што ви дава вакви искуства, денес засипнав. Благодарам, напиша на Инстаграм фан на The Minds of 99 кој беше на концертот.

Европа

Папата излезе од болница, се појави во јавноста првпат по пет седмици

Published

on

Папата Франциско беше отпуштен од римската болница „Џемели“ во неделата по повеќе од пет седмици хоспитализација поради двостано воспаление на белите дробови.

„Ви благодарам на сите“, рече тој со тивок глас за време на краткото појавување во инвалидска количка на балконот на болницата „Џемели“ пред да биде отпуштен од болница.

Папата Франциско, кој има 88 години, беше хоспитализиран на 14-ти февруари поради тешка респираторна инфекција.Тоа е неговата најсериозна здравствена криза за време на неговото дванаесетгодишно папство.

Лекарите на папата во саботата рекоа дека ќе му треба „многу повеќе време“ за целосно да закрепне и му наредија да помине дополнителни два месеци одмарајќи се во Ватикан.

Автомобилот во кој се наоѓаше папата Франциско ја напушти болницата во неделата рано попладнето, придружуван низ Рим од конвој полициски возила.

Папата Франциско во неделата повика на „итно“ запирање на израелските напади врз Појасот Газа, како и продолжување на дијалогот за да се постигне ослободување на „сите заложници“ и „дефинитивен прекин на огнот“.

„Тажен сум поради обновувањето на интензивното израелско бомбардирање на Појасот Газа, кое предизвика толку многу смртни случаи и повреди“, напиша папата Франциско во својата неделна молитва Ангел Господов.

Папата ги повика и Ерменија и Азербејџан да го потпишат неодамна преговараниот мировен договор „што е можно поскоро“ по децении конфликт.

Continue Reading

Европа

Украинските војници во паника побегнале од руската област Курск

Published

on

Украинските сили побегнале од руската област Курск во паника по молскавичниот продор на руските сили во нивната одбранбена линија, пишува „Волстрит журнал“.

Според весникот, теренските команданти на украинските единици им наредиле на своите подредени да се повлечат, дури и пред да добијат наредби од повисоките офицери.

Ситуацијата била критична за украинските сили во Курск, и тоа уште пред маневрите на руските војници во близина на гасоводот. „Не можевме повеќе да издржиме“, изјавил еден од украинските наредници за весникот.

Украинските лекари забележуваат дека, поради големиот број руски беспилотни летала, многумина при брзото повлекување заборавиле да ја проверуваат подлогата, што довело до тоа да бидат повредени или убиени од мини.

Continue Reading

Европа

Украинците ги објавија официјалните бројки: Колкави се загубите на Русија? Досега бројките се загрижувачки

Published

on

Русија изгубила 903.480 војници од почетокот на инвазијата на Украина, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Таа бројка, како што додаваат, вклучува 1.470 руски загуби во последните 24 часа.

Според податоците од генералштабот на украинската армија, украинските сили од почетокот на војната уништиле повеќе од 10,412 тенкови од кои 9 во последните 24 часа. Украинските сили од почетокот на војната собориле 30.495 беспилотни летала од кои 157 во последните 24 часа.

Украинците исто така потврдија дека уништиле 3121 крстаречка ракета но и повеќе од 25.000 артилериски системи, 28 воени бродови, 1 подморница, повеќе од 41.000 возила и резервоари за гориво, 1116 против-воздушни системи, но и разновидна специјална опрема.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк