Данска ГИ УКИНА сите мерки против Ковид и се фрли на журкање! (Видео)

Неверојатни фотографии од преполниот стадион Паркен во Копенхаген се појавија во неделата на социјалните мрежи. Таму, на 11 септември, само еден ден по укинувањето на сите епидемиолошки мерки во Данска, се одржа концерт на данскиот панк бенд „The minds of 99“.

Распродадениот концерт, на кој присуствуваа околу 50.000 луѓе, потсетува на настани и концерти пред пандемијата бидејќи публиката е збиена, а сите мерки беа укинати поради добрата вакцинација, никој не носи маски и не треба да држи дистанца.

На Фејсбук страницата на настанот пред концертот беа објавени инструкции за граѓаните кои доаѓаат на концертот, но во ниту една инструкција или забелешка не се споменувше корона вирусот. Организаторите дадоа сервисни информации за сообраќајот околу стадионот и класичните предупредувања дека не смеете да носите пиротехника на концертот, дека не смеете да пушите на стадионот и дека, да речеме, нема да има гардероби за оставање јакни.

Данците постепено укинуваа мерка по мерка во текот на изминатите неколку месеци се додека, конечно, не одлучија повеќе да не го класифицираат „Ковид-19“ како „социјално критична“ болест. Исто така на граѓаните не им треба потврда за ковид.

Фановите на бендот кои вчера беа на концертот не го кријат ентузијазмот за првиот ваков голем концерт во Данска по година и пол епидемиолошки мерки. Инстаграм е полн со фотографии од преполниотт Паркен.

– Конечно завршија сите ограничувања! За исполнет живот што ви дава вакви искуства, денес засипнав. Благодарам, напиша на Инстаграм фан на The Minds of 99 кој беше на концертот.