Лозарите навредени и излажани, сок од грозје течеше во Кавадарци (ВИДЕО)

Протестот на незадоволните лозари пред винарската визба „Тиквеш“ кулминираше откако изреволтираните лозари го истураа грозјето пред најбогатата македонска винарска визба.

Иако се чинеше дека најголемата винарска визба во земјава „Тиквеш“, ќе го почитува договореното и ќе плаќа по 11 денари за Смедеревката и 13 за Вранец – Кратошија, сепак тоа не случи. Незадоволните лозари вчера попладне започнаа протест пред винарската визба „Тиквеш“.

Повеќето од лозарите добиле покани за да донесат Кратошија за мерење на шеќерините единици, но откако пристигнале со полни трактори пред винарската визба им било кажано дека грозјето нема да им биде откупено, доколку не надминува 19 малигани.

Подоцна за грозје со 19 милигани или помалку им била понудена цена од само 8 денари за килограм.

Тоа и ја прелеало чашата, па лозарите почнале да го истураат грозјето од тракторските приколки пред влезот на винаријата.

За време на протестот, со лозарите биле градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев како и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, Даниела Колева и Зоран Јованчев.

Јанчев, Колева и Јованчев биле и на средба со раководството од винаријата.

Видеото е на КТВ

YouTube video player