Шилегов: Јас и Бени сме другари, Шаќири: Петре е самобендисан и лицемерен

Пред неколку дена коментирајќи ја кандидатурата на Бени Шаќири за градоначаник на Скопје од страна на партиите ДОМ и ЛДП, актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов изрази убедување дека во вториот круг Шаќири него ќе го поддржи, затоа што се другари.

Јас и Бени сме другари, пријатели. Јас ја почитувам сечија амбиција да направи исчекор во политиката во нашата држава. Јас убеден доколку има втор круг, Бени Шаќири ќе ме поддржи мене, рече тој.

Шаќири пак на вчерашното гостување во Сител вестите наспроти изјавите на Петре Шилегов дека му е друга и дека ќе му ги даде гласовите во вториот круг, Шачири вели дека нема партиска книшка иако долги години бил поддржувач на СДСМ  и учествувал на сите предизборни кампањи од 2002, а за актуелниот градоначалник Петре Шилегов смета дека три и пол години бил пасивен.

Не знам за кој Шилегов зборувате, на последните два три дена има сосема подруг пристап, не можам да знам за кој Шилегов ме прашувате. Ние сме познаници, не сме пријатели, смета Шаќири.

Неговото мислење за Шилегов е дека е самобендисан и дека во вториот круг не би ги добил неговите гласови.

Најмногу ми пречи лицемеритето, пасивен беше три и пол години, и сега прави офанзивна во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година, додаде тој.

За тоа што не успеа да стане директор на Младинскиот културен центар, иако таа функција била предвидена првично за него, Бени вели дека тоа била една „од најпаметните одлуки на Шилегов“.

Некој мора да го води тој центар, добро е што не ме назначи Шилегов таму, тоа му е една од најпаметните одлуки. Ќе требаше да се занимавам со се, освен со културата. Таму не сакаа човек од надвор, се навраќа Шаќири.