Connect with us

Скопје

Во Аеродром обележани за СЕЧЕЊЕ над СТО ДРВЈА кај воен базен ❗

Published

on

Пред неколку денови беа обележани за сечење над сто дрвја во Аеродром кај Воен базен за проширување на улицата „Васко Карангелески“ која треба да прерасне во булевар.

Жители во овој дел на Аеродром не сакаат да се сечат дрвјата и предлагаат до градските власти, ако веќе мора да се отстранат од планираната траса, место нивно сечеење, да се откорнат и да се пресадат на друго место со цел да не се изгуби ова зеленило.

– НЕ Е САМО ТОЈ ДРВОРЕД, ОБЕЛЕЖАНИ СЕ ЗА СЕЧЕЊЕ И ДРВЈАТА ПОСЛЕ ПОЛИКЛИНИКА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ ДО ВОЕН БАЗЕН, ТОА СЕ ПОВЕЌЕДЕЦЕНИСКИ ЈАВОРИ. НА ПОТЕГОТ ОД КРСТОСНИЦАТА СО УЛИЦАТА „ВЛАДИМИР КОМАРОВ“ ДО КАСАРНАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ СЕ НАОЃААТ МЛАДИ ДРВЈА КОИ ШТО МОЖАТ ДА СЕ ПРЕСАДАТ – ВЕЛАТ ЖИТЕЛИ НА АЕРОДРОМ.

Во врска со постоечкиот сегмент од улицата што треба да се проширува, се предлага како решение проширувањето да се направи само од источната страна (од кај училиштето „Љубен Лапе“), за да се зачува дрворедот што постои од западната страна.

– Во тој случај ќе биде незгодно кај крстосницата со „Владимир Комаров“ бидејќи сегментите на „Васко Карангелески“ нема да можат да бидат порамнети на иста оска, ама со сечење на минимимален број дрвја може да се изведе решение со некој благ преод и без газење врз сообраќајни стандарди – предлагаат жители.

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ алармираат дека надлежните планираат сечење на голема количина на зеленило во скопски Аеродром. 

-Обележани се за сечење над 100 дрвја во Аеродром кај Воен базен за проширување на улица, ни испратија порака жители на Аеродром. Бетонизацијата на градот е во полн ек и се создаваат услови за сè поголемо загадување. Температурите во лето стануваат сè понеподносливи и младите дрвца што ги садат не успеваат. Ова не смее да се дозволи, порачаа од ЗХГ. 

Скопје

Додека копале темели за нова зграда во Скопје, ја забетонирале и канализацијата !!!

Published

on

На улицата Мирче Оровчанец во центарот на Скопје, во близина на Универзална сала, затната е фекалната канализација бидејќи градежник додека градел зграда ја забетонирал цевката за фекалии. Градежникот додека ја правел јамата и копал за поставување на армирано бетонски колови, т.н. шипови, ја погодил цевката за канализација. Потоа додека полнеле со бетон, ја наполниле и цевката и таа е забетонирана. Сега фекалиите од останатите згради и куќи на улицата не можат да течат низ цевката и преку клозетските шолји ќе им се враќаат во домовите.
Сдк.Мк

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Поддршка за бизнисот и инвестициите низ целата држава

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. На средбата се разговараше за клучни теми како децентрализацијата, инвестиционата активност на општините и поддршката на бизнисот.

„Стопанската комора на Македонија ќе ги поддржи сите интенции на Владата кои одат во насока на остварување на раст од 4%, градењето на правна држава и почитувањето на принципите на пазарната економија,“ истакна Азески.

Ѓорѓиевски го информираше претседателот за активностите на општината, при што беше нагласена важноста на создавање поволна бизнис-клима, елиминирање на пречките за инвеститорите и поддршка на компаниите кои отвораат нови работни места и водат сметка за еколошките стандарди.

„Продолжуваме со активности за економски раст, подобрување на условите за бизнисите и развој на општините,“ порача Ѓорѓиевски.

 

Continue Reading

Скопје

Граѓани во паника, пожар во близина на „Сити мол“ – пожарникари интервенираат (ФОТО)

Published

on

Во непосредна близина на трговскиот центар „Сити мол“, во Карпош 3, поточно во зградата над продавницата „Електрометал“ денес околу пладне се случи пожар на вториот кат. Во тек е акција на пожарникарите.

Граѓаните во паника ги напуштија домовите, за засега се знае дека прожарот не е проширен и дека пожарникарите пристигнале навреме. Интервенцијата се случува преку балконот, односно со помош на пожарникарски скалила.

Димот се чувствува надалеку, а дали има материјална штета во моментов не е познато.

фото-politika.com.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк