Заев: Инвестициите, вработувањата и ПОВИСОКИТЕ ПЛАТИ го менуваат животот на ПОДОБРО

Денеска премиерот Зоран Заев пиша статус на Фејсбук за економските резултати од политиките на власта кој како што вели давале резултат, а животот се менувал на подобро.

Интегралната објава на Зоран Заев:

Инвестициите, вработувањата и повисоките плати го менуваат животот на подобро.

Владата продолжува со посветена работа и добри економски политики за подигнување на животниот стандард.

➡️ Економијата бележи историски раст на Бруто домашниот производ од 13,1% во вториот квартал.
➡️ Просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари, што е за 7%, односно за 1.877 денари повеќе во однос на јуни минатата година.
➡️ Бележиме историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9% со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината.

Успешните економски политики даваат резултати! – напиша премиерот.