Не се шокирајте ако до вашите уши стигне и тоа дека во болницата во Тетово СТАТИСТИ врискале и ГЛУМЕЛЕ дека горат

Ова вчера го слушнав првпат кога ме праша една личност може ли да е точно и си велам некој  го измислил со бујна фантазија.

Сабајлево налетувам на двајца од СДСМ во маало и им честитав оставка на Филипче и тој едниот ми вика:

За што е виновен?

Велам: Затоа што изгореа  дваесетина луѓе во болница, пациенти и лекари.

А ТОЈ на мене:  Глупости. Ти виде како гореа?  Се беше режија за да го тргнат Филипче зашто е најдобар!!!

Знаете, кога се удавија 15 бугарски туристи во Охрид, ниту еден од вмровците кои тогаш беа на власт, не ја негираше нивната смрт. Таа беше ладнокрвен факт. Никој од нив не замижа пред трагедијата. А ги кудевме испрани им биле мозоците од Груевски.

Овие денес на Заев се нешто… Не знам што? Врв  на заробениот ум.

Затоа не се шокирајте ако до вашите уши стигне и тоа дека во болницата во Тетово статисти врисксле и глумеле дека горат – пишува Сашо Тасевски.