Connect with us

Македонија

Kиднапиpaна девојка од скопско, ја држеле поранешното момче и неговите родители

Published

on

На 13.09.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 55-годишен маж од с.Копаница, скопско, пријавил дека неговата ќерка била физички нападната и еден период противправно задржана од А.С. (18), со кого била во љубовна врска, и неговите родители Р.С.(46) и С.С.(45), сите од с.Ласкарци, скопско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Македонија

Детална временска прогноза: Еве какво време не очекува денес, но и наредниве денови

Published

on

Денешното време ќе биде ведро и постудено, со сончево и топло време преку ден со мала локална облачност. Ќе дува слаб, променлив ветер, известува Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од -5 до 3 степени, додека максималната ќе биде во интервалот од 16 до 22 степени.

Во Скопје се очекува претежно сончево и топло време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно, сончево и топло.

Утрово во Берово беше најстудено со -5 степени Целзиусови, додека во Крушево е најтопло со 6 степени. На Попова Шапка снежната покривка изнесува 19 сантиметри.

Во останатите градови, температурите се следни: -4 степени во Битола, -3 во Струмица, -2 во Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија и Маврови Анови, -1 степен во Тетово, Прилеп, Штип и Гевгелија, 0 степени во Охрид, Куманово и Кавадарци, 1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Претор и Крива Паланка, 3 степени на Попова Шапка и 4 степени во Виница.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски утре во посета на Кисела Вода, почеток на еден од четирите капитални проекти

Published

on

Вредност на проектот за реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во должина од 2,5 км и ширина 4 м изнесува 30.000.000 денари.

Утре, 07.03.2025 година (петок) во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на почеток на реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во с. Драчево во Општина Кисела Вода.

Вредност на проектот за реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во должина од 2,5 км и ширина 4 м изнесува 30.000.000 денари.

Ова е еден од четирите капитални проекти на Општина Кисела Вода кои се реализираат со средства од државниот буџет по првиот јавен повик за финансиска поддршка на општините.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО: Показна вежба на специјалните единици – спасување патници од жичара

Published

on

Денеска во Скијачкиот центар Маврово во организација на Македонското здружение на спасители во скијалишта се одржа показна вежба со сценарио „Евакуација од жичарница“. Во рамки на показната вежба тимови од МВР од Специјалната антитерористичка единица – Тигар, Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални сили на армијата „Волци“ вршеа безбедна евакуација на жичарницата која прекинала да работи.

Во сценариото на вежбата жичарницата која вообичаено работи на електричен погон заради дефект прекинува да работи, не успева да профункционира ни дизел агрегатот кој треба да преземе и тогаш се повикуваат тимовите кои имаат такви специјалистички обуки, да извршат симултано и безбедно спуштање на патниците коишто се затечени на жичарницата.

Целта на вежбата е унапредување на капацитетите на државата за справување со вакви кризни ситуации, засилување на соработката меѓу различни институции се со цел заштита и безбедност на граѓаните во вакви ситуации.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк