Жecтоко во Собрание: Џафери нeмa добиено никаква ocтавка

Седницата на Собранието денеска почна „жестоко“ со препукувања на опозицијата и власта.

Џафери кажа дека нема добиено никаква оставка од Владата, и затоа нема за што да се расправа.

„Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата. За предлог за разрешување одлучува Собранието на првата наредна седница. Доколку претседателот разреши 1/3 од членовите на Владата од првобитниот состав, тогаш Собранието одлучува како за нова влада. Уставот пишува за изричита надлежност на премиерот, а не на пратеници.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во овој момент во собранието побара едночасовна пауза со барање премиерот Зоран Заев и владата да ја достават оставката на министерот за здравство Венко Филипче.

Тие имено треба да ја достават оставката до собранието со цел да биде усвоена во парламентарниот дом и да биде разрешен од функцијата Филипче кој си поднесе оставка.

Од пратеничката група велат дека еден час е сосема доволно за да биде доставено ова барање, а потоа да започне и усвојувањето на истото.

Инаку министерот Венко Филипче во петокот си даде оставка, а претходно оставки си поднесоа и заменик министерот Илир Хасани, како и директорот на тетовската болница и економскиот директор на истата болница.