Чест на една од најмладите маченици 9-годишната Света Василиса

Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија не многу по смртта на свети Антим. Мачителите ѝ го прекрија со рани целото тело, но таа Му остана верна на Христа.

Бог ја зачува во огнот и пред ѕверовите неповредена.

Нејзиниот мачител Александар, откако го виде сето тоа, се покаја и ја прими верата Христова.

Василиса излезе во полето, падна на колена да Му се помоли на Бога и да Му заблагодари за претрпените маки и Му го предаде духот свој на Господа околу 309 година.