Connect with us

Балкан

Општа тепачка на белградската Арена: Се степаа навивачите на Партизан на пријателски натпревар (ВИДЕО)

Published

on

Во белградската Арена, кошаркарите на Партизан играа пријателски натпревар против Ефес за збогување со нивниот капитен Новица Величковиќ од неговата професионална кариера.

Сепак, овој хуманитарен натпревар ќе остане во сенка на непријатните сцени што се случија во средината на последната четвртина од овој натпревар. Имено, имаше голема тепачка помеѓу двете фракции на црно -белите навивачи.

Погледнете како сето тоа изгледаше во следното видео.

Балкан

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС СЕ ИЗЛИЗГА НА АВТОПАТ ВО СРБИЈА Нема повредени патници, има поголема штета на возилото

Published

on

По обилните врнежи од снег автобусот се излизгал и удрил во банкината.

Синоќа македонски автобус имал сообраќајна несреќа на автопатот А5 кај Појате во Србија, пренесоа српските медиуми.

По обилните врнежи од снег автобусот се излизгал и удрил во банкината.

Нема повредени патници.

Причинета е поголема материјална штета на автобусот.

Continue Reading

Балкан

Поранешниот српски министер за градежништво, Горан Весиќ, почна штрајк со глад

Published

on

Екс српскиот министер Горан Весиќ, кој од вчера е во притвор, започна штрајк со глад. По информациите кои се појавија во медиумите дека меѓу уапсените поради падот на настрешницата во Нови Сад е и Горан Весиќ, тој имаше објава на својата мрежа Х.

„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад. Секогаш, како и досега, ќе им бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам кривична одговорност за овие трагични настани. Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошното развој на настанот“, напиша Горан Весиќ.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад вчера соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени поради падот на настрешницата во Нови Сад, при што загинаа 15 лица.

Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура.

Јелена Танасковиќ, вршител на должноста генерален директор на акционерското друштво „Српска железничка инфраструктура“, вчера поднесе оставка на оваа функција. Тоа го направи и Томислав Момировиќ, министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија.

Continue Reading

Балкан

Во Албанија ветингот разреши околу 280 судии и обвинители

Published

on

Од вкупната бројка, околу 280 судии и обвинители биле разрешени, при што 130 од нив незадоволни од одлуката на соодветниот орган за проверка, поднеле жалба до судот во Стразбур. Во досиејата, отпуштените судии и обвинители тврдат дека не е регуларен процесот на проверка.

Од декември 2018 година кога, во Албанија, почна да се имплементира процесот на проверка, познат како ветинг, Специјалната комисија за проверка донела 802 решенија за лица од правосудството, судии и обвинители.

Од вкупната бројка, околу 280 судии и обвинители биле разрешени, при што 130 од нив незадоволни од одлуката на соодветниот орган за проверка, поднеле жалба до судот во Стразбур. Во досиејата, отпуштените судии и обвинители тврдат дека не е регуларен процесот на проверка.

-За пет години Стразбур објави седум решенија, шест од нив со потврдување на одлуката на албанските органи. Единственото решение за враќање на должноста е донесено за обвинителката Антонета Севдари за која Стразбур ја нарекува „диспропорционален процес“, поради што албанската држава е казнета од Стразбур, објавија албанските медиуми.

Според медиумите, 6.609 албански граѓани доставиле поплаки до комисијата за спроведување на ветингот, кои обвинуваат судии и обвинители дека се корумпирани, пристрасни, а ги наведуваат и  непријавените имоти од нивна страна.

Со оглед на тоа што мандатот на Комисијата за проверка завршува  до крајот на декември, граѓаните поплаките ќе може да ги упатуваат до Специјалниот одбор за жалби, кој ќе продолжи да ги разгледува жалбите на оние кои не се потврдени на функцијата.

Поради не поминување на проверката за потекло на имотот и вмешаност во криминални активности во земјата се чувствува дефицит од овој кадар.

Уставниот суд на Албанија не функционираше речиси три години бидејќи овој процес не го минаа шестмина од вкупно девет судии, меѓу нив и претседателот, а идентична беше состојбата и со Врховниот суд. И двете високи судски инстанци профнкционираа кон крајот на 2021 година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк