Connect with us

Македонија

ИЗМАМА КАКО НА ФИЛМ: Скопјанка му дала околу 50 илјади евра на роднина да го излекува нејзиниот 21 годишен син од дрога, потоа настанал хаосот

На 17.09.2021 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, 48-годишна жена од Канада, со престој во Скопје, пријавила дека во периодот од јуни до август оваа година била измамена за сума од околу 50.000 евра од страна на нејзин роднина Љ.Н. од Скопје.

Според пријавеното, откако нејзиниот 21-годишен син дошол во Скопје, мајката на пријавителката во јуни забележала чудно однесување кај него и го споделила проблемот со нивниот роднина Љ.Н., кој укажал дека нејзиниот внук најверојатно има проблем со дрога и се понудил да помогне со негово лекување со одредена скапа терапија.

Како што е пријавено, пријавителката се согласила и во повеќе наврати му дала на Љ.Н. околу 50.000 евра, но кон крајот на јули и таа дошла во Скопје и се посомневала во терапијата што ја примал нејзиниот син, по што пријавила во полиција. За случајот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Инфо +

Др. Беќаровски со совет за заштита од PM2.5 и PM10: План за детоксикација во денови со екстремно загадување

Во услови на зголемено аерозагадување и енормно високи концентрации на PM2.5 и PM10 честички, кои деновиве се регистрираат во повеќе градови низ земјава, доктор по медицина сподели едноставен совет и план за намалување на негативното, канцерогено влијание врз организмот.


Според препораката, целта не е целосно да се неутрализира загадувањето – што е невозможно без системски мерки – туку да се минимизира штетата врз респираторниот и имунолошкиот систем преку природна поддршка и хидратација.
Во рамки на предложениот дневен план се советува:


Наутро: чај од диво оригано со додатоци за поддршка на имунитетот
Пред ручек: зелен чај во комбинација со витамин Д (1000 ИЕ)


Навечер: чај од ѓумбир и куркума или бел слез, повторно со природна имунолошка поддршка
Дополнително, се препорачува во текот на денот да се внесуваат најмалку два литра млака вода со лимон, а кај лица без висок крвен притисок – и дополнителна чаша зелен чај.


„Ако загадувањето не може да се спречи, тогаш барем може навремено да се ублажат неговите последици врз здравјето“, се наведува во пораката.
Во објавата се посочува и загрижувачки податок дека околу 65% од возрасната популација во Македонија пуши, при што просечно месечно издвојува околу 4.500 денари за цигари, што дополнително го зголемува ризикот од респираторни и канцерогени заболувања во комбинација со загадениот воздух.


Медицинската фела и здравствените експерти постојано апелираат дека во денови со високо присуство на PM честички, граѓаните треба да избегнуваат подолг престој на отворено, да користат заштитни маски кога е потребно и да водат грижа за јакнење на имунитетот.

Continue Reading

Македонија

Николоски: Македонија е пример за почитување на мајчиниот јазик на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската заедница како најголема цивилизациска придобивка, рече заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.

“Има многу заднички што можеме да кажеме и заеднички да споделиме меѓу двата народи и двете држави, а секако наставата на мајчин јазик е најголемата цивилизациска придобивка која што еден народ може да ја има. Горд сум што можам да кажам дека Македонија тоа го овозможува на сите припадници на турската заедница, на турскиот народ кој што живее во Македонија и ова е нешто што треба заеднички да го градиме и надградуваме затоа што нашите јазици коегзистираат со векови и тоа е цивилизациска придобивка која мора да ја надградуваме со децениите и вековите кои што доаѓаат пред нас. 

Нема поблизок народ за мекедонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и затоа треба да заеднички да создаваме уште подобри услови за изучување на турскиот јазик и наставата на мајчин турски јазик. Нека е со среќа и да е за многу години, а ние заеднички да го зајакнуваме партнерството меѓу македонскиот и турскиот народ”- се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Continue Reading

Македонија

Поради густата магла откажани сите летови од Меѓународниот аеродром Скопје

Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје денеска е целосно прекинат, откако поради густата магла и значително намалената видливост беа откажани сите планирани летови, соопштија надлежните служби.


Од раните утрински часови, аеродромот не реализира ниту полетувања, ниту слетувања, а сите редовни летови на повеќе авиокомпании, меѓу кои Wizz Air, Turkish Airlines и Croatia Airlines, се откажани или пренасочени кон алтернативни аеродроми во регионот.


Според информациите од управувачот на аеродромот, ТАВ Македонија, густата магла ја намали видливоста под безбедносниот минимум за нормално одвивање на авионскиот сообраќај, поради што е донесена одлука за целосен прекин на летовите сè додека не се подобрат временските услови.


Дел од авионите што требало да слетаат во Скопје биле пренасочени кон аеродромите во Охрид, Приштина, Софија, Солун и Тирана, додека патниците се известуваат да не доаѓаат на аеродромот без претходна проверка на статусот на нивниот лет.


Од ТАВ апелираат патниците редовно да ги следат официјалните соопштенија и да стапат во контакт со своите авиокомпании за дополнителни информации и евентуални промени во распоредот, бидејќи маглата и понатаму ја отежнува воздушната навигација.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг