Connect with us

Македонија

Каква легенда е Марина Туцаковиќ,таа го напиша текстот за еден од најголемите хитови на ТОШЕ

По тешко боледување вечерва на 67 -годишна возраст почина музичкиот текстописец Марина Туцаковиќ.

Таа напиша бројни хитови за најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија, како на Здравко Чолиќ, Индира Радиќ, Северина, Нина Бадриќ, Неда Украден, Аца Лукас… но и на нашиот Тоше Проески.

Мега хитот на Тоше Прески „Соба за тага“ е дел од албумот „Ако ме погледнеш во очи“ (Ако ме погледаш у очи) кој се појави во 2002 година. Музиката ја напиша грчкиот композитот Фивос, српската верзија на текстот е дело на Марина Туцаковиќ (Соба за тугу), а за аранжманот се погрижи Манолис Влахос.

Изданието содржи 10 композицвии и беше најава за соработката помеѓу македонската музичка легенда и „ Фајнл кат продакшн“

Во 2005 година, Тоше Проески го издаде својот петти албум „По тебе“ ( Пратим те) на територијата на цела поранешна Југославија. Од Вардар до Триглав. Како некогаш, кога сите станувавме на „Хеј, Словени“, така во таа 2005 година, кога војните одамна го имаа наплатено својот данок, сите републики стануваа за да ги пеат неговите хитови.

Неговите песни, полни со емоција, повторно за миг ги споија старите братски народи. Тоше беше единствениот изведувач што успеа да ја освои цела поранешна Југославија, иако никој не го познаваше во почетокот на деведесеттите години, пред да почне големото раздружување на големата држава.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг