Connect with us

Балкан

Починал среде настап – Млад човек починал на сцена за време на фолклорен концерт во Србија

Published

on

Член на Културно уметничко друштво од Краљeво, 21-годишен млад човек почина вчера вечер на пат кон болницата во Чачак, откако му се слоши за време на настапот на манифестацијата „Купусијада“ во Мрчајевци.

– Го следевме концертот и еден млад човек кој свиреше на еден од инструментите само одеднаш се сруши на сцената. Брзата помош веднаш пристигнала на лице место, била извршена реанимација и младиот човек бил сместен во амбулантата. Потоа слушнавме дека починал на пат кон болница, изјави еден од очевидците за РИНА.

Портпаролот на таа здравствена установа, д -р Билјана Кочовиќ, за РТС потврдила дека младиот човек бил донесен во болницата во Чачак без витални параметри и по долго реанимација без одговор.

Како што пишува РТС, станува збор за младо момче, член на ансамблот „Ризница“ од Краљево.

По информацијата дека младиот човек починал, програмата веднаш била прекината.

Точната причина за смртта ќе биде потврдена по обдукцијата.

Балкан

И тогаш Исус рекол ,,Ту – Ту”, Борисов го помеша Велигден со Коледе и раскажа смешна приказна за најголемиот христијански празник

Published

on

Присутните новинари и членови на неговата партија не можеа да ја запрат смеата додека ајмоќниот човек во бугарската политика раскажуваше чудни приказни за начинот на кој умрел и воскреснал Исус Христос.

,,И тогаш Исус рекол ,,Ти – Ти”, раскажува Бојко Борисов кој во изјава пред празникот го помеша Велигден со Коледе и раскажа смешна приказна за најголемиот христијански празник.

Во видеото на линкот се гледа како Борисов гледа на Велигден. 

https://x.com/koshnicharov66/status/1912506228938269035?t=jnXhw-bQDAS7AU3GG7c-jA&s=19

Continue Reading

Балкан

ЈОТОВА КОНТРА МЕРЦ, НЕ СЕ СОГЛАСУВА ДА СЕ УКИНЕ ВЕТОТО ПРИ ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ „Не може да има компромиси со условите“

Published

on

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова истакна дека во преговарачката рамка договорена во 2022 година, врз основа на францускиот предлог, нема бугарски барања, туку европски критериуми за членство, од кои главен е заштитата на човековите права.

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска ја критикуваше идејата да се укине ветото при проширувањето на Европската Унија, што ја заговара идниот германски канцелар Фридрих Мерц.

На форумот „Европската Унија се среќава со Балканот“ таа рече дека билатералните односи на Софија и Скопје не се проблем за Македонија да почне преговори за членство со ЕУ.

Јотова ги критикуваше плановите во ЕУ проблемот со гласањето при проширувањето да се реши со квалификувано мнозинство, наместо со консензус.

– Има некои држави кои сакаат да го променат европското законодавство и начинот на донесување одлуки. Не можам да се согласам со обидите за промена на едногласноста во одлучувањето, особено за прашањето за проширувањето – рече Јотова.

Според неа, не може да има компромиси со условите за проширување.

Јотова додаде дека барањата за Македонија се дел од преговарачкиот процес со Европската Унија, а не се билатерални прашања.

– Бугарија не наметнува дополнителни услови за процесот и преговорите на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европа. Билатералните односи меѓу двете земји не се проблем за неотпочнување на преговорите на Северна Македонија, тоа е теза на политичарите од РСМ, како и на некои европски политичари и експерти. Она што Бугарија го сака е да се почитуваат европските критериуми, како што секоја земја која тргна на патот кон вистинско членство во ЕУ ги почитува овие критериуми по цена на многу тешки одлуки и компромиси. И натаму веруваме дека правата на Бугарите во Република Северна Македонија не се заштитени – рече Јотова.

Таа истакна дека во преговарачката рамка договорена во 2022 година, врз основа на францускиот предлог, нема бугарски барања, туку европски критериуми за членство, од кои главен е заштитата на човековите права. Јотова кажа дека договорената рамка е европски документ што мора да се почитува  да се имплементира и дека не може да се додава, брише, менува или да се става „во втор план“.

Според Јотова, запирањето или замрзнувањето на процесот на проширување на ЕУ ќе донесе уште поголема нестабилност, конфликти и влијание на други непријателски сили во регионот.

– Потребен е јасен одговор на прашањето дали ЕУ сака земјите од Западен Балкан, како и Украина, Грузија и Молдавија да имаат блиска и вистинска европска перспектива – рече потпретседателката на Бугарија.

На борумот во Софија учествуваше и заменик-министерот за надворешни работи на Македонија, Зоран Димитровски, кој истакна дека за Скопје не е проблем промената на Уставот, туку поставените барања за историјата на Македонија и за идентитетот на Македонците.

Continue Reading

Балкан

Бугарска новинарка: Во Македонија не сум видела реклама за коцкање, а и патиштата им се драстично подобри и почисти

Published

on

Ружа Рајчева, бугарска новинарка и политичка аналитичарка од Софија, со позитивни впечатоци по враќањето од Македонија.

„Во Македонија не помнам дека сум видела ниту една реклама за коцкање (само за брзи кредити). Се враќаме во Бугарија и нè преплавуваат огласи за коцкање, кои ни кажуваат дека сме најбогати во Европа, мора некаде да ги трошиме парите… нешто и некаков закон божем донесоа за неговото ограничување, а тоа дури и се засили.

И уште нешто – патиштата во Македонија, која е надвор од ЕУ, се драстично подобри и почисти од Бугарија“, коментира Рајчева на Фејсбук.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк