ВООРУЖЕНИ СИЛИ и Тензија на Косово: Косовската полиција вади таблици, Србите нервозни (ВИДЕО)

Над 20 блиндирани возила и специјални сили вооружени до заби од утрово се распоредени на двата гранични премина на северот на Косово – Јарињ и Брњак, а како што јавуваат медиумите од регионот, таму се присутни и припадниците на косовската специјална единица „Роса“.

Медиумите јавуваат дека косовската влада одлучила да воспостави реципроцитет со Србија во врска со регистарските таблички на возилата, а во документот потпишан од министерот за внатрешни работи се наведува дека од сите оние со српски регистарски таблички се бара да добијат пробни косовски регистерски таблички.

Договорот за слобода на движење помеѓу Косово и Србија беше постигнат во 2011 година, според кој српските таблички со кодовите на градовите во Косово беа укинати, како што се ПР (Приштина), ГЛ (Гњилане) КМ (Косовска Митровица), односно мораше да се изврши пререгистрација на возилата на КС или РКС.

Меѓутоа, граѓаните на Косово не можеа да влезат на територијата на Србија со таблички РКС без трошоци, односно мораа да ги заменат со пробни, така што Косовскиот договор ги обврза да издаваат регистарски таблички на КС уште пет години, што Србија го прифати.

Според косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свекла, акцијата се должи на спроведување на Бриселскиот договор за слобода на движење, а како што потенцираше, станува збор за рутински активности насочени кон зачувување на јавниот и уставниот поредок.

– За да се овозможи слободно движење на граѓаните врз основа на договорот истечен на 14 септември 2016 година, МВР донесе одлука со која се уредува и се обврзува да се обезбедат привремени регистарски таблички за сите возила со српски регистарски ознаки – рече Свекла, додавајќи дека косовската полиција ги презема сите мерки за зачувување на мирот на граничните премини.

Потпретседателот на Српската листа, Игор Симиќ, пак, вели дека Србите од Косово се лути поради потегот на Приштина да испрати единици на „Роса“ на административните премини Јариње и Брњак.

Тој рече дека Србите од Косово се длабоко вознемирени затоа што Приштина испратила над 20 возила, со специјални сили вооружени до заби. Според него, тие се лути и во моментов возат кон административните премини на Јариње и Брњак

YouTube video player

One thought on “ВООРУЖЕНИ СИЛИ и Тензија на Косово: Косовската полиција вади таблици, Србите нервозни (ВИДЕО)”

Comments are closed.