Само Кралицата Елизабета може сега да се пофали со своите 12-те правнучиња

Внуката на кралицата Елизабета, Беатрис роди девојче, соопштуваат од Бакингемската палата.

Принцезата Беатрис се породи, а кралицата Елизабета го доби својот 12-ти правнук.

– Сите членови на кралското семејство се информирани и воодушевени од веста.Семејството сака да им се заблагодари на вработените во болницата за нивната прекрасна грижа, пишува во соопштението на Бакингемската палата, пренесува Ројтерс.

Новороденото бебе, девојче чие име засега не е познато во јавноста, тежи два килограми и седумстотини осумдесет грама, а се роди во саботата во болницата Челзи и Вестминстер во Лондон.

Нејзиното кралско височество и нејзиното дете се чувствуваат добро, а двојката со нетрпение очекува да се сретне со својата ќерка со нејзиниот постар брат Кристофер Волф – се наведува понатаму во соопштението.

Инаку, принцезата Беатрис, десетта по ред за престолот, се омажи за бизнисменот Едоардо Мапели Моци во јули минатата година.

фото: гети имагес