Армијата на Србија се упати кон Косово и Метохија, односно преку административни премини во јужната српска провинција, објавуваат приштинските медиуми.
Припадниците на српската војска синоќа тргнале за Косово и Метохија и тоа е реакција на српскиот државен врв на вчерашните настани, кога припадници на таканаречената специјална полиција упаднаа во Росу на северот на Косово без никаква најава.
Тоа ги вознемири Србите во Косово, особено повеќе откако во еден момент полицијата започна да ги вади српските регистарски таблички од возилата.
– Србија бара повлекување на сите трупи кои упаднале на север на Косово, итен одговор на ЕУ дали постои Бриселскиот договор за правниот промет. Претседателот рекол дека го одбил “наводното компромисно решение на Квинтата кое ја понижува Србија“
– Неможе на албанско шкорче на фазони, сека е таму, сега е ваму што нам ни го нудат, тоа веќе неможе. А ЕУ… нивно е да понудат, а наше е да прифатиме или не.
Седница на Советот за национална безбедност која денес се одржала во Палата на Србија завршена е после двочасовно заседание.
Со неа претседавал претседателот на Србија Александар Вучиќ врховен командант на оружените сили на Србија која на пладне по завршување на седницата се обратил на медиумите.
– Ја анализиравме ситуацијата и донесовме неколку одлуки. Ја анализиравме состојбата во ВС и МВР, задоволен сум со борбената готовност, мотивираноста на луѓето… – рекол Вучиќ и додал дека анализирана е ситуацијата на Косово односно криминалната акција на Јарина.
– На варварските и криминалните акции на Приштина Србија веќе не пристанува! рекол претседателот и додал дека заклучок од денешната седница на Советот бара моментално повлекување на сите трупи на север на Космет.
– Србија повеќе не пристанува на политика на свршен чин – нагласил претседателот и додал дека Србија бара почитување на Бриселскиот договор со апсолутно зачувување на мирот и стабилноста. Претседателот додал дека Србија не направила ништо нити ги провоцирала вчерашните криминални акции на Јарине.
Претседателот нагласил дека од ЕУ побаран итен одговор дали Бриселскиот договор воопшто постои.
– Ја одбив понудата на Квинтата плус ЕУ, после што бараме едниниците на РОСА веднаш да се повлечат од север… Јос сум тој кој одбил, не давам согласност на безобрази и понижување на Србија и криминални акции на Приштина – порачал претседателот и ги поздравил српските јунаци кои цела ноќ се спротивставувале на албанските специјалци, а Србија ќе најде начин за снабдување.
Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски
По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин, господин Стефан и до сите Македонци каде и да се.
Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се мери според жртвата. Честитајќи им го празникот на г.г. Стефан, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, и на сите верници посакуваме денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.
Се додава дека огромна е почитта кон Свети Климент Охридски, кој остави не само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност.
Проектот FishNoWaste: Рибарите во Јадранот ќе собираат и рециклираат пластичен отпад
Рибарите долж Јадранското Море секојдневно извлекуваат големи количини пластичен отпад, но проблемот со морската пластика останува нерешен поради недоволна инфраструктура за собирање и предавање. Истражувањата покажуваат дека Јадранот има повеќе плутачки отпад од остатокот на Медитеранот, при што над 80% од него е пластика.
За справување со оваа криза, здружението Sunce, во соработка со организации од Хрватска и Италија, го спроведува проектот FishNoWaste. Проектот има за цел да собере податоци за видот и количините на отпадот што се појавува при риболов и да развие модел за заедничко управување со отпадот, со можност за повторна употреба и рециклирање.
„Законот ги обврзува рибарите да го предадат отпадот што пасивно го уловиле, но често нема каде да го остават“, истакнува Дора Чакушиќ, асистентка во Одделот за комуникации и застапување. Таа додава дека постојните системи за прием на отпад на копно се неефикасни и недоволно развиени, па трудот на рибарите често останува без посакуван резултат.
При влечење на мрежите, рибарите извлекуваат отпад од морското дно, а дополнителен отпад се создава и за време на риболовните активности, како кинење на мрежи, губење конопи, бови и други пластични елементи. Особено проблематични се „ghost nets“ – изгубени мрежи кои продолжуваат да фаќаат морски живот.
Проектот FishNoWaste вклучува научен мониторинг на отпадот и пилот-имплементација на модел за заедничко управување во избрани пристаништа, со активно вклучување на рибарите при собирање, сортирање и предавање отпад. Sunce спроведува и едукативни програми за рибарите, училиштата и локалните заедници, промовирајќи принципи на кружна економија и свест за влијанието на морскиот отпад врз екосистемот, здравјето и економијата.
Очекувањата се дека проектот ќе доведе до значително подобрување на системот за управување со риболовен отпад, развој на заеднички стратегии и зголемување на количествата отпад што се собира, сортира и рециклира, со долгорочен ефект врз зачувувањето на Јадранското Море.
Патување кон Грција: Дојран единствениот сигурен премин
Многумина го користат продолжениот викенд за патување во Грција, но се соочуваат со проблеми на граничните премини. Најголемиот премин кај Гевгелија е затворен поради штрајк на грчките земјоделци и неговото отворање е непредвидливо – понекогаш отворен кога патниците тргнуваат, а затворен кога стигнат.
Засега, единствениот премин кон Грција кој постојано е отворен е Дојран. Преминот Меџитлија е затворен за товарни возила и автобуси од 12:00 часот, а преминот Богородица е во прекин од 11:00 часот.
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на преминот Табановце кон Србија времето на чекање е околу 40 минути. Возачите се советуваат да ги следат најновите информации и да го планираат патувањето однапред за да избегнат непотребни застои.