Connect with us

Скопје

„Во одбрана на дрвјата во Аеродром❗“ – УТРЕ ПРОТЕСТ против сакатење на белите дробови на Скопје

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ утре ги повикуваат сите жители на Аеродром, и воопшто скопјани, на протест под мотото „Во одбрана на дрвјата во Аеродром“. 

-Кај обележаните дрвја за сечење кај ул. Васко Карангелески стигнала механизација. Од утре ќе почнеле со проширување на улицата. Нема да дозволиме сакатење на белите дробови на еден од најзагадените градови во светот. Локалната власт во заминување ветуваше зелени површини, а наместо тоа донесе уште поголема бетонизација и сечење на дрвја. За да биде лицемерието поголемо, новиот кандидат за градоначалник на Аеродром од СДСМ кажува дека ќе се грижел за зеленилото, за зеленило што ќе го исече неговата партија ли ќе се грижи?, прашуваат од ЗХГ кои повикаа на масовен одзив на протестот.

-Ги повикуваме сите граѓани кои не сакаат да живеат во бетонски град да дојдат утре во 10 часот спроти ОУ Љубен Лапе до Воениот базен заеднички да го сопреме ова лудило, се вели во нивниот повик. 

Скопје

Скопската железничка станица се враќа во живот по две децении

Еден од приоритетите на новата влада е вложувањето во инфраструктурата, вклучително и железничкиот сообраќај, како товарен така и патнички. Покрај набавката на нови локомотиви и вагони, значајна инвестиција е обновата на железничката станица во Скопје, која ќе ја врати својата функција од пред 15-20 години, кога објектот се руинираше и стана нефункционален.

Почна чистењето и средувањето на станицата, информираше директорот на Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски. „Со цел враќање на автентичниот изглед на станицата, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и други информативни панели кои години наназад го нарушуваа изгледот на објектот“, напиша Ивановски на својата Фејсбук страница и им се заблагодари на компаниите кои се согласиле да ги тргнат билбордите.

Проектот ќе се реализира во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата и поставување соодветна илуминација.

Continue Reading

Скопје

Започна редизајнот на железничката станица во Скопје

Скопје – Почна чистењето и средувањето на железничката станица во Скопје, информираше директорот на Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски.

„Со цел враќање на автентичниот изглед на станицата, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и други информативни панели кои години наназад го нарушуваа изгледот на објектот“, напиша Ивановски на својата Фејсбук страница. Тој им се заблагодари на компаниите кои се согласиле да ги тргнат билбордите.

Проектот ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата и поставување соодветна илуминација, посочи директорот.

Continue Reading

Скопје

Голем дефект на „Крсте Мисирков“ – утре без вода клучни институции и делови од центарот на Скопје

voda

Утре од 7 часот наутро значаен дел од централното градско подрачје ќе остане без вода поради дефект на водоводната линија на булевар „Крсте Мисирков“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот ќе ги опфати објектите на МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, трговскиот центар „Мавровка“, делови од Старата скопска чаршија, Саат-кулата, улицата „Отокар Кершовани“, Адвокатската улица и дел од булевар „Крсте Мисирков“.

Од претпријатието информираат дека екипите ќе работат интензивно на терен и дека водоснабдувањето ќе биде вратено веднаш по отстранување на дефектот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг