Инцидeнт во Косово? Косовските сили се обиделе да извлечат Србин од автомобилот со оружје, косовската полиција демантира

Ситуацијата кај граничниот премин Брњак во Косово денеска е крајно напната откога припадници на специјалните единици на косовската полиција се обиделе насилно да извлечат возач од автомобил со регистарски таблички на Косовска Митровица, по што реагирал КФОР.

Според непотврдени информации, полицијата побарала од државјанинот од српска националност да излезе од автомобилот и да му ја отстранат регистарската табличка КМ, што тој го одбил, поради што почнале да го извлекуваат од автомобилот.

Србите кои протестираат се собраа на местото на инцидентот. Според „Косово онлајн“, возачот успеал да избега на безбедно.

Во текстот на Косово Онлајн, се вели дека косовската полиција истото го демантира, но очевидци на лице место на настанот го потврдиле инцидентот.