Метео прогнозерот Славчо најавува: Не очекуваат температури под нула – еве од кога!

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СВЕЖО со умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Особено попладне и во вечерните часови ќе има повремен локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски за espreso.mk.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СВЕЖО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и навечер ќе има услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Според Попоски, утре претпладне сè уште ќе има нешто повеќе облачност, додека попладне облачноста ќе се намалува и од петок, па за време на викендот ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност.

НАУТРО ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ БИДАТ ОСОБЕНО НИСКИ И ПОНЕКАДЕ ЌЕ СЕ СПУШТАТ ДУРИ ДО -1 СТЕПЕН.

Целиот текст прочитајте го ТУКА