„Сакаа младите да се вратат! Вратен сум, доктор на тема УНЕСКО, зошто сум НЕВРАБОТЕН ❓“

СТАТУС НА ДЕНОТ 👇

Денес се јавив да го откажам станот во кој живеам… Затоа што сум невработен, а притоа решив да останам да живеам во земјава, бидејќи на пет минути читав статуси како премиерот Зоран Заев и неговата СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија сакаат да ги вратат младите во Македонија.

Еве нѐ, вратени сме! Зошто сум невработен?

Имам докторирано на еден од најпрестижните универзитети во светот и имам работено во неколку интернационални организации вклучувајќи го и УНЕСКО. Министерката Ирена Стефкоска инистира на заштита на културно наследство, а јас сум единствениот човек во државава што има докторирано на таа тема и што вистински знае како функционира УНЕСКО. Во Министерство за култура, покрај тоа што ми ги одбија проектите поврзани со културно наследство, ми немаат вратено на ниту еден мејл, а причината (за која неформално дознав) е језива за споделување на фејсбук бидејќи ептен ќе го наруши имиџот на институцијата и на партијата.

Мејлови имам пратено и во Министерство за образование и наука и до министерката Мила Царовска, но немам одговор. Со образование се бавам веќе 4 години и работев како асистент на УКЛА, а тука можам да предавам на најмалку 4 универзитети.

Зошто никој не сака да ми го прочита CV-то и да ми даде шанса? Не е дека молам некого да ме бутне да работам во јавна администрација без никакви квалификации. Вистински сакам да останам во земјава и да направам некаква промена, бидејќи можам и знам. Каде грешам, како правилно да постапам ?

Фејсбук статус на Филип Петковски