Connect with us

Свет

(Видео+Фото) Лyдилo во Мeлбypн: Жecтoки cyдиpи со пoлициjaтa пpoтив зaдoлжитeлнaтa вakцинaциja

Стотици демонстранти излегоа на скалите на австралискиот Споменик на војната, во знак на протест против задолжителните вакцини проти Ковид-19 за градежниот сектор, јави ДПА. Тешко вооружени полицајци ја опколија групата, при што уапсија неколку лица, објавија локалните медиуми.

Видео може да погледнете ТУКА.

Вицепремиерот на Викторија, Џејмс Мерлино, протестите ги опиша како „неверојатно страшни“ и „насилни од стотици луѓе“, објавија австралиските медиуми.

-Нема да ги наречам протести затоа што тоа не е протест. Тоа е толпа што дејствува криминално, кажа Мерлино.

Видео може да погледнете ТУКА.

Тој додаде дека овие луѓе здравствените работници, самите себе и јавноста во Викторија ги доведуваат во опасност, пренесе ДПА, повикувајќи се на австралиските медиуми.

-Тоа што го видовме во последните два или три дена е криминално однесување кое на никаков начин не ја претставува нашата голема држава и тоа однесување нема да ги намали бројките на нашите случаи, рече Мерлино за новинарите во Мелбурн.

Видео може да погледнете ТУКА.

Австралиската Влада вчера ја затвори градежната индустрија на две недели, повикувајќи се на повеќе неодамнешни случаи на новозаразени со коронавирус во овој сектор.

Секретарот на Синдикатот за градежништво, Џон Сетка, ги обвини „неонацистите и десничарските екстремисти“ за киднапирање на настанот.

Австралиската држава Викторија денеска регистрира 628 нови случаи на коронавирус и три смртни случаи, што е највисок дневен извештај во тековната здравствена криза. 

Фото галерија:

Свет

Трагично загина легенда на гејминг индустријата во сообраќајна несреќа кај Лос Анџелес

Винс Зампела загина во неделата во тешка сообраќајна несреќа северно од Лос Анџелес, откако неговото Ferrari 296 GTS удрило во бетонска бариера и се запалило. Во несреќата загинал и сопатникот кој се наоѓал во возилото, пренесува NBC.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како црвеното Ферари со голема брзина излегува од тунел, само неколку моменти пред да удри во ѕид. Сведоци подоцна го снимиле целосно уништеното возило зафатено од пламен, а снимката е оценета како вознемирувачка.

Калифорниската автопатска патрола соопшти дека, од засега непознати причини, возилото излетало од патот, удрило во бетонска бариера и веднаш се запалило. Двајцата патници биле прогласени за мртви на местото на несреќата, при што едниот бил исфрлен од автомобилот поради силата на ударот. Истрагата за причините за несреќата сè уште е во тек.

Зампела, на 55-годишна возраст, важеше за една од највлијателните личности во светот на видео игрите. Како ко-основач на Infinity Ward, тој имаше клучна улога во создавањето на франшизата „Call of Duty“, која стана една од најпопуларните во историјата на гејмингот. Подоцна, во 2010 година, го основа студиото Respawn Entertainment, кое ги создаде хитовите „Titanfall“, „Titanfall 2“, „Apex Legends“ и „STAR WARS Jedi: Fallen Order“.

Respawn беше купен од Electronic Arts во 2017 година, а Зампела продолжи да има водечка улога во студиото и во развојот на франшизата „Battlefield“.

Веста за неговата смрт предизвика силни реакции и тага во гејмерската заедница ширум светот. EA соопшти дека станува збор за „незамислива загуба“, истакнувајќи дека влијанието на Зампела врз индустријата било длабоко и далекусежно и дека неговото наследство ќе продолжи да инспирира идни генерации развивачи и играчи.

Continue Reading

Свет

Дедо Мразовци ограбија маркет во Монтреал и дел од храната ја дадоа на сиромашните

Група активисти во Монтреал во понеделникот ограбија маркет, а подоцна дел од храната ја поделија на сиромашните, објави The Guardian. Акцијата ја спровела групата Robins des Ruelles, која ја претстави како „Робин Худ“ иницијатива, со цел да привлече внимание на сè поголемата криза и високите трошоци за живот, кои ги прават основните намирници недостапни за обичните Канаѓани.

Во соопштението објавено под наслов „Кога гладот ги оправдува средствата“, членовите на групата нагласиле дека храната ќе биде дистрибуирана на оние кои најмногу имаат потреба. „Работиме сè понапорно за да можеме да купуваме храна од синџири супермаркети кои ја користат инфлацијата за да остварат рекордни профити. Неколку компании држат наши основни потреби како заложници“, се наведува во соопштението.

Метро, сопственик на осум големи брендови за храна во Онтарио и Квебек, ја осуди кражбата како кривично дело и нагласи дека цените на полиците директно одразуваат трошоците на синџирот на снабдување. Портпаролката Женевјев Грегоар додаде дека во 2025 година компанијата донирала 1,15 милиони долари и повеќе од 81 милион долари во храна за локалните банки за храна.

Полицијата потврди дека случајот се истражува, но досега нема апсени. Во вторникот вечерта, групата оставила дел од храната на јавен плоштад под елката, додека остатокот ќе биде дистрибуиран преку локалните банки за храна. На крајот, тие порачаа: „Не заборавајте – гладот ги оправдува средствата. Среќен Божиќ!“

Continue Reading

Свет

Украинските единици се повлекоа од Северск

Украинските сили се повлекоа од населбата Северск во регионот Донецк за да ги зачуваат животите на војниците и борбената способност на единиците, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина. Градот сè уште останува под контрола на украинските трупи.

„Тешките борби продолжуваат во Северск. Руските сили имаат значителна предност во човечка сила и опрема и, и покрај големите загуби, продолжуваат со активните офанзивни операции“, се наведува во соопштението на Генералштабот.

Украинските одбранбени сили успеале да го исцрпат непријателот за време на борбите, при што секој метар од градот бил одбранет по висока цена. Русите напредувале благодарение на бројната предност и постојаниот притисок од мали напаѓачки групи во тешки временски услови.

Сепак, украинските трупи го држат градот под огнена контрола, блокирајќи ги непријателските единици и прекинувајќи ја нивната логистика, со цел да се спречи понатамошно напредување.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за целосното предавање на Северск под контрола на руските вооружени сили.

Северск е клучна точка за украинските одбранбени линии, бидејќи неговото ослободување овозможува на руските трупи да напредуваат кон агломерацијата Славјанск-Краматорск и да ја олеснат офанзивата во областа Костјантинивка, која заедно со Дружковка, Краматорск и Славјанск го формира главниот одбранбен фронт на Украина во регионот Донецк.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг