Доктор Чепреганов: Менталниот склоп е главниот водител на антиваксерите

Доктор Методи Чепреганов невропсихијатар во емисијата 24 анализа истакна дека живееме секој ден со некаква стресогена состојба, акутна или пролонграна. Ковид пандемијата е една силно стресогена пролонграна животозагрозувачка состојба. Секоја таква состојба која го пореметува интегритетот на личноста прави во неа дисбаланси во организмот.

-Во тие денови се оди во анкциозно депресивна слика, а по еден мессец, ако трае состoјбата се оди во психосоматска болест. Нормален е стравот од болеста. Тоа не е измислен страв, туку реален. Реакцијата на таквата состојба зависи од менталниот склоп на личноста. Тој ментален склоп  е процес кој се развивал во текот на живтот. Работата е најдобриот лек за секоја стресна состојба, вели доктор Чепреганов.

Доктор Чепреганов вели дека има вакцинирано над милијарди луѓе и ако се продолжи со овој интензитет, за 6 месеци светот ќе биде со колективен имунитет.

Менталниот склоп е главниот водител на антиваксерите, а таквите заговори отсекогаш ги имало, порача докторот