Косовската полиција го отcтрани билбордот „Добредојдовте во Заедницата на српски општини“

Вечерва, припадниците на косовската полиција го тргнаа и билбордот „Добредојдовте во Заедницата на српски општини“, што беше поставен во Ранилуг, изјави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.
„Очигледно, Албин Курти започна отворена конфронтација со Заедницата на српски општини и Бриселскиот договор, чие прекршување доведе до криза на северот на Косово и Метохија“, напиша Петковиќ на Твитер.