Лидерот на Демократската партија за Албанците, Мендух Тачи најави објавување на факти за палењето на модуларната болница во Тетово.
Тој вели дека овие факти, кои ќе ги објави во улога на лекар, ќе докажат дека палењето на модуларната болница не е трагедија, туку злосторство.
„Наскоро ќе дадам професионални факти и аргументи зошто ова го нарекувам криминал“, рече Тачи, пренесува ТВ21.
Тој додаде дека за ова треба и да се понесе одговорност.
Во меѓувреме, во пожарот во кој изгоре модуларната болница вечерта на 8 септември, 14 луѓе го загубија животот, а 12 други беа повредени.
