Connect with us

Македонија

НАЛЕТ! Докторка од Куманово барала по 200 ЕВРА од пациенти за да ГИ ОПЕРИРА!

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 51-годишна лекарка од Куманово, поради постоење основано сомневање дека сторила кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и Примање поткуп. Основен суд Куманово на осомничената и определи мерка притвор во траење од осум дена.

-На 22.09.2021 година во временски период од 07:00 до 14:00 часот, искористувајќи ист траен однос, во својство на лице што врши работи од јавен интерес специјалист за очни болести, вработена во ЈЗУ „Општа болница Куманово“- Очно одделение во Куманово, со искористување на својата службена положба и овластување за себе прибавила корист и потешко ги повредила правата на друг. Осомничената директно побарала и примила корист за себе, парични средства, за да изврши службено дејствие што морало да се изврши. Таа во два наврати, на свои пациенти, им побарала износ од по 12.000,00 денари за да им изврши операција на катаракта, под изговор дека ваквите средства и се неопходни за набавка на леќи, иако леќите ги набавува самата болница, а оштетените не биле должни да го платат наведениот износ, односно требале да платат само партиципација. Побараниот паричен износ  пред да бидат извршени операциите, оштетените и го платиле директно на рака на обвинетата, при што не добиле никаква потврда за уплатата, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, во Основното јавно обвинителство Куманово оформен е предмет, а до судијата на претходна постапка при Основен суд Куманово поднесен е Предлог за определување на мерката притвор против осомничената во насока на непречено одвивање на постапката. Судот со Решение на осомничената и определи мерка притвор во траење од осум дена.

Македонија

Анита Тополова-Исајловска ја презема функцијата на државен јавен обвинител

Анита Тополова-Исајловска ќе ја преземе функцијата вршител на должноста државен јавен обвинител, откако Љупчо Коцески поднесе неотповиклива оставка.

Советот на јавни обвинители денеска едногласно ја избра Тополова-Исајловска, која беше единствениот предлог за оваа клучна позиција во обвинителството. Таа доаѓа од местото заменик јавен обвинител, носејќи со себе искуство и континуитет за највисоката јавна функција во обвинителската служба.

Continue Reading

Македонија

Расте бројот на заболени од грип во Македонија

vila

Во периодот од 8 до 14 декември, здравствените власти регистрираа вкупно 126 случаи на грип и заболувања слични на грип во Република Северна Македонија. Ова претставува алармантно зголемување од 31,3% во споредба со претходната недела, што покажува дека сезоната на грип полека, но сигурно ја зазема својата динамика.

Епидемиолозите предупредуваат на потребата од зголемена внимателност, редовно миење на рацете и избегнување на големи групи луѓе, особено за ранливите категории – децата, постарите и хронично болните.

Continue Reading

Македонија

Мурати и Лесковица ја туркаат ДУИ на стаклени нозе: Темелите се скапани, реформите исчезнати

Конгресот на ДУИ, кој беше најавуван како почеток на длабоки реформи, предизвика силни реакции од поранешни високи функционери на партијата. Поранешни вицепремиери, министри и други раководители остро го критикуваа процесот, оценувајќи го како „фасада“ и „прикажан авторитаризам“, во кој меритократијата и заслугите биле запоставени.

Фестим Халили, поранешен вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор, му честиташе на Али Ахмети за новиот мандат, но потенцираше дека ова е „момент за длабоко морално размислување“. Според него, многу интелектуалци се соочиле со „тивки попречувања“, додека на клучни позиции, особено во Тетово, биле поставувани поединци без значајни заслуги. „Партијата која сака да остане релевантна мора да ја врати меритократијата и заслугите како основен принцип и да создаде простор за оние кои се докажале со дела, а не со сервилност“, изјави Халили, критикувајќи го недостатокот на одговорност за четирите последователни изборни циклуси со загуби.

Валмир Азири, поранешен државен секретар за култура, го опиша конгресот како „претстава со организирани ракоплескања“. Тој истакна дека новите членови не се резултат на демократија, туку на внатрешна ротација која се прикажува како промена. „Довербата не се создава во затворени конгреси. Без вистинска одговорност, секој конгрес останува уште едно поглавје од истата потрошена приказна“, изјави Азири.

Ремзи Абдулахи, поранешен заменик-директор на УЈП, директно го нападна процесот на избор на кандидатите, нарекувајќи го „затворање на партијата“. „Кога одлуките се носат во затворени канцеларии без критериуми, се враќаме на менталитетот од комунизмот, каде еден човек одлучува за сите. Тоа е авторитаризам маскиран како реформа“, нагласи Абдулахи.

Линдита Ќазими, поранешна заменик-министерка за образование, остро реагираше поради непоканувањето на конгресот и упати јавни обвинувања против структурите на партијата, најавувајќи дека ќе одговори со дела за да ги „декласира“ оние кои ја исклучиле.

Беким Мурати, поранешен градоначалник на Сарај, ја опиша ситуацијата со метафора за куќа: „Новата фасада не ја спасува куќата од нејзините скапани темели. Овие имиња не беа избрани поради визија, туку за заштита на старото раководство. Ова не е реформа, туку рециклирање“.

Разочарување застана и кај претставниците од Скопје. Поранешниот советник во Шуто Оризари, Илјаз Лесковица, истакна дека градот останал без вистинска тежина во партијата. „Не може да се камуфлира неправдата направена кон Скопје. Денес мнозинството се во чевлите на Изет Меџити, како и пред четири години. Дури ни буквата ‘Р’ не остана од реформите во ДУИ“, рече Лесковица.

На конгресот, Арбер Адеми беше избран за генерален секретар на ДУИ, додека Фатон Ахмети премина во улогата потпретседател. Бујар Османи и Арбана Пашоли остануваат потпретседатели, а Еркан Арифи и Арта Билали-Зендели се нови потпретседатели. Неби Реџепи го замени Блерим Беџети како организациски секретар, додека во централното претседателство беа избрани 18 нови членови.

Сепак, според поранешните функционери, овие промени се повеќе симболични отколку суштински, оставајќи ги старите структури и стилови на раководење нетакнати.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг