Уште никој не знае КАКО Е МОЖНО 10 кг марихуана да останат незабележани во возило на МВР, пет години❓

Тргнале на обука во Црна Гора, завршија на распит во Албанија. Ова е патешествието на началничката за компјутерски криминал во МВР и уште еден службеник откако во нивното службено возило на граничниот премин „Сукобин“ меѓу Албанија и Црна Гора се најдени десетина килограми марихуана. Марихуаната била сокриена во бункер во багажник на полицискиот „крајслер војаџер“, пишува Телма телевизија.

Од црногорската царина соопштија дека возилото не било издвоено за контрола туку било посочено од службеното куче на цариниците. Прегледот траел кусо време, бункерот е откриен веднашо а возилото со двајцата службеници на МВР вратени во Албанија, бидејќи Сукобин е интегриран премин меѓу двете држави.

Според експертите, кои се упатени во процедурите,  овој сериозен скандал се должи на серија на кардинални грешки и пропусти пред се во Царината. А од Царина засега молк и без одговор на клучните прашања.

Она што е познато е дека на 2 декември 2016 година на граничниот премин „Блаце“ во крајслерот кој тогаш е на шведски регистерски таблички се наједни 32,5 килограми марихуана и уапсен е еден државјанин на Шведска.

Овој успех царина ќе го документира и сеуште е на нивниот сајт. Цариниците кои ја вршат заплената се наградени. По завршувањето на судскиот процес, возилото го превзема агенцијата за запленет имот и во 2018 година го доделува на МВР.

Како царинските работници го напшле едниот бункер а не и вториот кој е на помалку од еден метар. Зошто возилото не е целосно расклопено или барем зошто не е извршено пробно дупчење на повеќе места во возилото вклучително и багажникот кој е често место за бункери и конечно зошто не е однесено на скенирање со рентген.

Оттаму нема инфомација дали Вантрешната контрола во Царина работи на случајот, кои се службениците кои во 2016 година ја нашле марихуаната и дали е разговарано со нив и што изјавиле за нивните пропусти.

Од МВР пак  нема информација дали примопредавањето на „крајслерот“ од Агенцијата за запленет имот е извршена физичка проверка на возилото, процедура која во минатото ја извршуваше одделот за антитероризам.

За овој скандал истрага отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал.