Видео од СТРАШНАТА несреќа во Белград: Меѓу повредените ЧЕТИРИ ДЕЦА

Денес околу 13:40 во Земун, Белград, се случила сообраќајна несреќа во која градски автобус кој сообраќал на линијата 45 влетал во детски парк. Во незгодата, за среќа, нема мртви, но повредени се четири деца, и уште тројца патници од автобусот.

Три од децата се пренесени во Тиршова, едно има скршена рака, 20-годишна девојка е однесена во Земунската болница, а друга на возраст од 34 години е згрижена на лице место.

Брзо по несреќата се појави видео од надзорна камера во кое се гледа како автобусот влетува во паркот, а се гледа и мајка со две деца која го забележува возилото без контрола во моментот додека едно од децата, односно нејзиното синче почнува да трчка кон паркот. И тогаш автобусот буквално без контрола полетува кон синот пред таа да стигне до него. Во тој момент автобусот удира во две паркирани возила, а мајката со помалото дете во прегратките го бара другото.

Во видеото се гледа и што прави возачот веднаш после несреќата.

Очевидци за медиумите во соседството откриле дека возачот побегнал, но за да не го линчуваат. Тој сиот крвав и во шок дошол во блиската диспечерска куќичка каде се уште го чува полиција.