Connect with us

Балкан

(Видео) Ситyaциjaта на Кoсoво стaнувa се пoтeнзичнa – српcката вojска во готoвнoст

Published

on

Граѓаните незадоволни од одлуката на Приштина за замена на регистарските таблички и понатаму протестираат на северот на Косово, каје административните премини Јариње и Брњак. Таму сè уште се распоредени специјалните сили на косовската полиција РОСУ.

На административните премини Јариње и Брњак ситуацијата е мирна, но тензична.

Граѓаните на северот на Косово ги зајакнаа денес со песок барикадите со кои ги блокираа патиштата кон премините Јариње и Брњак во знак на протест поради указот на косовската влада за реципроцитет со Србија за регистарските таблички.

Портпаролот на косовската полиција Баки Кељани изјави дека ситуацијата на северот на Косово е непроменета и дека нема инциденти.

Ситуацијата е речиси иста. Има барикади од двете страни. Сега е додаден и песок. Ситуацијата е генерално мирна“, кажа Кељани за Радио слободна Европа.

Според најновите информации од преминот Брњак, на медиумите не им е дозволено да им се доближуваат на припадниците на РОСУ.

Екипа на Косово онлајн се обидела од припадник на специјалната полиција да добие изјава за денешниот инцидент, во кој припадници на РОСУ претепале тројца Срби.

Еден од припадниците на специјалните сили ги вратил назад, кажувајќи дека „не е дозволено на припадниците на РОСУ да им се приоѓа на 20 до 30 метри“ и дека фотографирањето е строго забрането.

На прашањето зошто е така бидејќи на преминот Јариње нема таква забрана, полицаецот одговорил: „Тука е поинаква ситуацијата“.

Српската војска е во прв степен на готовност

Министерот за одбрана на Србија Небојша Стефановиќ и началникот на генералштабот на српската војска генералот Милан Мојсиловиќ посетија дел од српските воени сили, кои се во прв степен на готовност.

Министерот за одбрана на Србија порача дека единиците на српската војска се во повишена борбена готовност во гарнизоните Рашка и Нови Пазар, бидејќи на тој начин државата сака да испрати јасна порака дека повеќе нема да се случи погром на српскиот народ.

„Нашата војска не провоцира, но е спремна да го заштити народот доколку се случи што било што ќе го загрози неговиот живот. Важно ми е што гледам дека овие луѓе се расположени и спремни. Опремата и техниката се во вистинските раце на професионалците“, истакна српскиот министер.

Стефановиќ додаде дека очекува реакција од ЕУ и КФОР, но дека во моментов е најважно да се заштитат животите на Србите.

Балкан

Акција „Вардар“: Уапсени криминалци на српска територија, пронајдена печатница за пари

Published

on

Постапувајќи во рамките на оперативната обработка „Вардар“, полициски службеници на СБПОК во соработка со полициски службеници на Република Македонија и Европол, а по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, лишени од слобода на 02.02.2025 година на територијата на Србија (Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор, Суботица) вкупно шест лица, членови на организирана криминална група, поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела здружение за извршување на кривичното дело – прекршок од член 346 од КЗ и фалсификување пари од член 241 од КЗ.

Уапсени се: И.Ж.П од Суботица, И.И.П.(1999) од Суботица, 3.А.Б (1955) од Нови Пазар, С.Н (1962) од Нови Сад, С. О. (1985) од Нови Сад, З.Н. (1978) од Бачки Моноштор, општина Сомбор. При приведувањето на лицето била пронајдена поголема количина фалсификувани пари.

Во тек се претреси на повеќе локации.

Извор: Алфа

Continue Reading

Балкан

Во Приштина откриена лабораторија за фалсификување документи, запленети илјадници исправи од над 50 земји

Published

on

Илјадници празни документи за идентификација со ознаки на повеќе од 50 земји ширум светот, вклучително и Србија, беа запленети во Приштина.

Документите биле пронајдени во импровизирана лабораторија за која се верувало дека биле користени за производство на фалсификувани документи. Истовремено, едно лице е уапсено и одредена му е мерка притвор од еден месец, соопшти косовската полиција.

Фалсификуваните бланко документи, како што е наведено, биле откриени минатиот петок кога во Приштина било запрено едно возило при што бил уапсен возачот Ф.К.

Потоа бил извршен претрес во куќа во Приштина, која, според косовската полиција, служела како „лабораторија“ за изработка на фалсификувани документи – пасоши, лични карти и возачки дозволи.

.

При претресот на оваа куќа биле пронајдени и запленети ласерски машини, принтери, повеќе од 20.000 микрочипови и илјадници документи од 51 земја во светот.

Пронајдени се и празни лични карти и пасоши со идентификација од Република Србија, Обединетото Кралство, Бразил, Мексико, Германија…

На уапсениот возач му е изречена мерка притвор од еден месец.

Отворен е случај за „фалсификување документи“ и „организиран криминал“. 

Continue Reading

Балкан

Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка

Published

on

Девет месеци по формирањето на српската влада и три месеци по уривањето на настрешницата во Нови Сад, во која загинаа 15 лица и предизвика бран протести и студентски блокади, српскиот премиерот Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка.

Со оставката на премиерот завршува и мандатот на целата влада.

Вучевиќ рече дека поднесува оставка по нападот врз студентите во Нови Сад и дека имал долг разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој, додаде, има разбирање за неговите аргументи.

Вучевиќ го осуди нападот врз студентите при што девојка е тешко повредена.

Тој додаде дека е уверен дека полицијата брзо ќе го реши случајот и ќе ги фати напаѓачите.

Воедно најави и дека оставка ќе поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

„Сметаме дека објективно сме одговорни за она што се случи и затоа поднесуваме оставка“, рече Вучевиќ.

Тој беше назначен за премиер по парламентарните избори во декември 2023 година.

Во Нови Сад, родниот град на Вучевиќ, чиј градоначалник беше тој, се случи голема трагедија на 1 ноември 2024 година, кога се урна настрешница на железничка станица, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Трагедијата предизвика протести низ целата земја кои деновиве станаа масовни.

Студентите повеќе од два месеци ги блокираат факултетите во Србија, барајќи одговорност за смртта на 15 лица, а институциите да почнат да работат според законот.

Само еден ден претходно, Вучевиќ беше на прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, кога ги покани студентите и професорите на дискусија за излез од актуелната криза во земјата.

На истата конференција Вучиќ најави голема реконструкција на владата, велејќи дека очекува „да бидат сменети повеќе од 50 проценти од министрите“.

Српскиот парламент требаше да расправа за гласање доверба на владата во среда, на 29 јануари, на претходно барање на опозицијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк