Connect with us

Македонија

Спиеш ли мирно ЕВН за продолжниот кабел во орманчето за струја на Ахмети? (ФОТО)

На фотографија објавена од Тетово Сот се гледа лидерот на ДУИ Али Ахмети како седи во дворот на куќа а над него се гледа орманчето за струја.

Според сликата, од орманчето излегува продолжен кабел за кој не може да се даде соодветно објаснување освен тоа што со години се случува во Македонија.

Според правилата на ЕВН никој освен вработените во австриската компанија не смее да има пристап до орманчето за струја во делот каде не се наоѓаат осигурачите туку е сместен сајтот за мерење струја и каде што може да се дојде до бесплатна струја.

Овде јасно се гледа дека кабелот излегува од делот до кој Ахмети или било кој друг корисник на орманчето не смее да има пристап.

Тетово Сот во својот пост повикува на реакција од ЕВН која според законот мора да го провери случајот и да поднесе соодветна пријава за лидерот на ДУИ Али Ахмети или за тој што приклучил кабел во орманчето.

Австриската компанија ЕВН со години се жали дека голем број граѓани влегуваат сами во сандачињата , ги премостуваат жиците за да не плаќаат за потрошената струја.

Штетата од ваквиот криминал се цени на милиони евра годишно.

Линк до постот на Tetova Sot

Македонија

Над 40 државни институции преминаа на електронско управување со документи

Повеќе од 40 институции во државата веќе го користат националниот Документ менаџмент систем (ДМС), што овозможува побрзи и поефикасни услуги за граѓаните, соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во изјава за медиумите.

Според него, поврзувањето на институциите и општините преку единствен дигитален систем претставува суштинска реформа во функционирањето на државната администрација, со фокус на поедноставени и подостапни јавни услуги.

Андоновски информираше дека за само четири месеци е двојно зголемен бројот на институции кои користат електронска архива и електронски систем за управување со документи. Дополнително, преку државната платформа за интероперабилност, само во ноември биле реализирани 2,6 милиони трансакции, што претставува значителен раст во однос на просекот во текот на 2024 година.

Министерот посочи и дека за 20 проценти е зголемен бројот на институции и компании приклучени на платформата за интероперабилност, што директно придонесува за намалување на административните процедури и потребата граѓаните да доставуваат документи од една до друга институција.

„Овие резултати значат помалку хартија, помалку чекање и помалку простор за корупција. Дигиталната трансформација не ја третираме како ИТ-проект, туку како реформа во корист на граѓаните, со јасни и фер процедури“, истакна Андоновски.

Тој додаде дека целта е институциите да функционираат брзо, разбирливо и еднакво за сите, а Министерството за дигитална трансформација останува посветено принципот „граѓаните на прво место“ да стане стандард во работењето на државата преку конкретни и мерливи резултати.

Continue Reading

Македонија

Собранието ги усвои клучните закони за проектот „Безбеден град“

Собранието во рамки на попладневниот дел на 76. седница без расправа ги донесе измените и дополнувањата на повеќе закони кои се дел од пакетот потребен за целосно функционирање на системот „Безбеден град“. Со 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, пратениците усвоија измени на Законот за извршување на санкциите, Законот за полиција, Законот за возила и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека законот е дел од шесте законски измени кои обезбедуваат имплементација на еден од најзначајните проекти во историјата на Македонија, кој започна пред неколку недели и практично ќе стартува од 1 февруари.

Законот за прекршоци, исто така дел од пакетот, воведува посебна постапка за прекршоци констатирани со технички средства и уреди за снимање, вклучително електронска достава преку текстуални пораки или е-пошта, 50% намалување на глобата при доброволно плаќање во рок од осум дена, како и автоматско суспендирање на возачката дозвола по акумулирање на три забрани во четири години. Пратеничката Моника Трајанова од ВМРО-ДПМНЕ објасни дека измените ќе го зголемат ефектот на превенцијата, ќе намалат административни трошоци и ќе ја зголемат ефикасноста на постапките.

Стојановски додаде дека законите овозможуваат одземање на возило на несовесни возачи, како и подобрување на процесот на издавање возачки дозволи, со зголемена транспарентност и контрола врз членовите на комисијата која ги доделува дозволите.

Во рамки на истата седница, пратениците го усвоија и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, исто така по скратена постапка, со што се овозможува поефикасно реализирање на инфраструктурни и други јавни проекти.

Continue Reading

Македонија

Собранието донесе закон за обновување на средното полициско училиште

Собранието вечерва на продолжение на 67. седница го усвои Законот за средно полициско училиште, со што се воспоставува правна рамка за основање и функционирање на оваа образовна институција за идни полициски службеници. Законот беше изгласан со Бадентерово мнозинство, а расправата околу него заврши претходно.

Според Законот, средното полициско училиште ќе функционира во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, согласно новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија. Образованието ќе трае две години, односно ќе ги покрива третата и четвртата година средно образование. Кандидатите кои успешно ја завршиле првата и втората година средно образование ќе можат да се пријават на објавен конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, да го продолжат своето образование во средното полициско училиште.

Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи ќе има можност паралелно да ја спроведува и досегашната основна обука за полицаец, која трае една година.

Во образложението на законот се наведува дека анализите од досегашната практика и искуствата од земји како Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Чешка покажуваат дека средното полициско образование, иако произведува помал број на кадар, обезбедува поголем квалитет. Образованието на помлади кандидати, на возраст од 15 до 16 години, овозможува подолготрајна подготовка во споредба со сегашната обука за полициски службеници на возраст од 18 до 25 години.

Последната генерација ученици во Средното полициско училиште заврши во 2000 година, а со примената на новиот закон ќе започне 25-та генерација.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг