Connect with us

Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Талибанците на плоштад обесија тела на наводни киднапери

Published

on

Талибанците на плоштад обесија тела на четворица мажи за кои тврдат дека биле киднапери од различни делови на градот Херат на западот на Авганистан.

Заменикот гуверенер на покраината соопшти дека луѓето биле убиени во директен судир со талибанските борци откако киднапирале трговец и неговиот син кои подоцна биле спасени.

„Нивните тела се обесени на градските плоштади како пример за останатите киднапери. Обесени се за никој повторно да не се обиде да направи ваков криминал“ – велат властите.

На видеото објавено на соијалните мрежи се гледа телото на еден човек целото во крв и ланци, обесено на дигалка на главниот плоштад во градот Херат.

На видеата кои се објавени се гледа дека локалните жители мирно го посматраат настанот и снимаат со мобилните телефони.

Свет

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Published

on

Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди Јапонија – епицентарот на островот Хоншу

Јапонија денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала. Според досегашните информации, епицентарот на потресот се наоѓал на островот Хоншу.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 13 километри под површината на земјата.

Во моментов нема пријавени информации за материјална штета или повредени лица. Надлежните служби внимателно ја следат ситуацијата и остануваат во состојба на подготвеност доколку има потреба од интервенција.

Continue Reading

Свет

Нов скандал со украинскиот претседател? Како ќе реагира Трамп после изјавата на Зеленски?

Published

on

Зеленски остро против Виткоф: „Нема мандат да зборува за украинска територија“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, нема овластување да преговара со Русија во име на Украина, особено кога станува збор за територијалниот суверенитет и областите што се моментално под руска контрола.

– Денес зборуваме единствено за безусловен прекин на огнот. Сè додека тоа не се случи, темата за териториите не е на маса – изјави Зеленски на прес-конференција.

„Црвените линии се јасни“

Зеленски повтори дека за Украина „црвените линии“ се одамна поставени и нема отстапување од нив. Според него, Киев никогаш нема да прифати легитимизација на било која „привремено окупирана територија како руска“.

Обвинувања за пренесување на руски наративи

Претседателот остро реагираше и на последните изјави на Виткоф, обвинувајќи го дека го презема реторичкиот пристап на Москва.

– Тоа е сериозен проблем. Без разлика дали го прави тоа свесно или не, Виткоф ја шири руската стратегија. Наместо да помогне во решавање на конфликтот, тој само го комплицира – изјави Зеленски.

„Нема право да дискутира за украинска земја“

Зеленски беше дециден дека Виткоф не е овластен да зборува за териториите на Украина.

– Тие области ѝ припаѓаат на нашата земја, на нашиот народ – не само на денешните Украинци, туку и на идните генерации. Искрено, не разбирам на што се повикува. Сето тоа што го слушнавме звучи како повторување на зборовите на Путин – додаде тој.

Во својата изјава Зеленски изрази загриженост што, како што рече, сè уште има поединци во цивилизираниот свет кои продолжуваат да пренесуваат и оправдуваат руски наративи.

Continue Reading

Свет

Кружат гласини за здравјето на Трамп? Американскиот претседател повторно се обиде да ја сокрие модрицата [ФОТО]

Published

on

Модрица на раката на Доналд Трамп повторно ги подгреа гласините за неговото здравје

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно се најде во фокусот на јавноста, овој пат поради модрица на неговата десна рака, која, како што тврдат очевидци, се обидел дискретно да ја сокрие со пудра. Настанот поттикна шпекулации за неговата здравствена состојба, особено откако модрицата беше јасно забележлива додека Трамп во вторникот му врачуваше трофеј на тимот од Морнарицата во американски фудбал.

Белата куќа со објаснување, јавноста со сомнежи

Секретарката за медиуми на Белата куќа, Каролин Левит, ги отфрли шпекулациите, тврдејќи дека модрицата е резултат на премногу ракувања.

– Претседателот Трамп е човек од народот. Секојдневно се среќава и се ракува со огромен број луѓе – изјави Левит, додавајќи дека токму таа активност е причина за појавата на модрицата.

Сепак, ова поедноставено објаснување не успеа да ги стивне гласините, особено поради тоа што ова не е првпат Трамп да се појави со слична повреда.

Стручни толкувања: Од ракување до лабораториски анализи

Доктор Ола Отулана за Daily Mail изјави дека модрицата најверојатно е последица на „површна траума“ која може да настане и од секојдневни активности – како притисок на раката врз тврда површина, потпирање, или дури од процедури како вадење крв.

– Станува збор за вообичаена појава која не мора да биде поврзана со сериозен здравствен проблем – појаснува докторот.

Слични случаи и во минатото

Ова не е првпат јавноста да забележи модрица на Трамп. Слична повреда беше забележана и во октомври минатата година, за време на една од неговите кампањски активности, што дополнително ги поттикнува шпекулациите дека причината можеби навистина лежи во интензивното ракување.

И додека Белата куќа се обидува да ја минимизира ситуацијата, јавноста и медиумите продолжуваат будно да го следат секој детаљ поврзан со здравјето на Трамп, особено во контекст на претстојната изборна трка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк